Знаци на времето

warning: Creating default object from empty value in /home1/calledto/public_html/modules/taxonomy/taxonomy.pages.inc on line 34.

Посета на папата Бенедикт XVI на Америка

Од 15 до 20 април, 2008 година, папата Бенедикт XVI ги посети Соединетите Американски Држави за прв пат откако беше избран за папа пред три години.

Одѕивот на американскиот народ беше многу одушевувачки. Како факт, претседателот на Соединетите Држави, Џорџ Буш, лично дојде да го пречека папата при неговото пристигнување на аеродромот. Ова е нешто што тој не го направил за ниту еден друг великодостојник или државник. Буш го објасни тоа со тоа што на група на кардинали, кои исто така го чекаа доаѓањето на папата, им рече: “Како да не дојдам и да не го пречекам? Тој е најголем духовен водач во целиот свет.”i При појавувањето на папата, стотици луѓе врискаа и извикуваа од радост.

Вториот ден од посетата на папата беше на неговиот 81-ви роденден. Девет илјади луѓе се насобраа на тревникот на претседателската резиденција, Белата Куќа, за да бидат сведоци на големата церемонија за посакување на добредојде на папата. Илјадници други луѓе чекаа за да фрлат поглед на папата додека тој се возеше низ улиците на Вашингтон. Кај Белата Куќа папата чекореше на црвениот тепих кон бината пред очите на луѓето. Додека воениот оркестар свиреше, мноштвото ја пееше добро познатата песна “Среќен Роденден.”

Во Белата Куќа, претседателот и неговата сопруга служеа роденденска торта пред претседателот и папата да заминат на разговор зад затворени врати.

Папата одржа миси во различни места, еднаш пред голема група на луѓе од 45.000, собрани на еден стадион во Вашингтон, а еднаш и во стадионот Њу Јорк пред мноштво од 60.000 луѓе. Исто така во друга прилика беа собрани и 25.000 млади луѓе за да се сретнат со папата.

На една улица во Њу Јорк, каде требаше да помине папата со своето специјално возило, папамобил, се беше насобрало мноштво на народ. Кога тој се појави тие извикуваа и вееја знамиња, а некои дури се обидуваа да трчаат паралелно со возилото. Други пак одвај можеа да фрлат поглед на папата заради големото мноштво на народ. Низ улицата се слушаше песна на католични студенти во чии зборови можеше да се слушне и тоа дека папата е Христос на земјата.

Дарил Хенриксен, протестантски верник, опиша како се чувствуваше кога папата Бенедикт XVI ја стегна неговата дланка. “Тој ја стегна мојата рака и погледна во моите очи. Јас бев некако совладан од воодушевување. И потоа тоа помина.”ii Хенриксен пееше за папата во една еврејска синагога. Тој го опиша своето искуство како нешто “силно,” и “многу емотивно, многу нереално.”

Тед Бодхидерман, кој е евреин, зборувајќи за посетата на папата на синагогата, изјави: “Радосен сум дека папата се сретна со рабинот Шнајер во синагогата Парк Ист. Тоа ги приближува нашите религии блиску една до друга. Јас го знам тоа.”iii

Кога папата дојде да зборува пред собранието на Обединетите Нации, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, јавно му се обрати на папата: “Ваша Светост, на толку многу начини, нашата мисија нè соединува со вашата.”iv

За време на престојот во Америка, папата Бенедикт XVI го промовираше меѓуверскиот дијалог и соработка, како и екуменските релации помеѓу црквите. Тој се сретна со претставници на разни религии, вклучувајќи го исламот, хиндуизмот, јаинизмот и јудаизмот. Саид Сјид од Исламкото Друштво на Северна Америка, разговарајќи со папата, говореше позитивно за дијалогот што се води меѓу католиците и муслиманите во Америка. “Му реков дека треба заеднички да се молиме (и) дека никој од нас не треба да направи било што што би можело да го наруши овој процес на градење мостови,” изјави Сјид во врска со неговите коментари кон папата.v Во една друга прилика, 250 луѓе назначени од разни христијански деноминации и екуменски организации се собраа на молитва со папата. Зошто Бенедикт XVI, којшто е поглавар на една верска организација, добил таков пречек, не само од католици, туку од припадници на други религии, христијански и нехристијански? Зошто претседателот на САД се потруди толку да го прослави доаѓањето на еден верски водач?

Интересно, библиските пророштва предвидуваат дека кога Исус ќе се врати на Земјата, нема да биде пречекан со таков дочек каков што имал папата Бенедикт XVI. “И тогаш ќе се расплакаат сите племиња земни, кога ќе го видат Синот Човечки да доаѓа на облаците со голема сила и слава.” Матеј 24:30. Понатаму, “царевите земни и големците, и богатите, и началниците, и моќниците, и секој роб или слободен” ќе се “сокријат во пештерите и планинските карпи.” Тие ќе “повикаат кон планините и карпите: Паднете на нас, и сокријте нè од лицето на Оној што седи на престолот.” Откровение 6:15, 16. Овие луѓе, согледувајќи ја својата грешност, ќе посакаат да побегнат од чистото, свето Христово присуство.

Но, некои други верски лица ќе бидат попопуларно прифатени. “Зашто мнозина ќе дојдат во мое име, велејќи: Јас сум Христос; и ќе прелажат мнозина.” Матеј 24:5. Со други зборови, оние што лажно ќе се претставуваат како Христос ќе бидат многу поблагопријатни кон масите. Всушност, Библијата вели дека целиот свет ќе се восхитува на ѕверот, којшто пак ќе тврди дека е Бог. (Откровение 13:3; 2. Солунјаните 2:3, 4).

Што ќе направиме ако чуеме некоj да тврди дека “Христос на Земјата” ќе се појави? Дали ќе излеземе надвор да го видиме? “Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе направат големи знаци и чуда; така што ако е можно, да ги прелажат и избраните... Затоа, ако ви речат: Еве го во пустината, не излегувајте, или: Ете го во тајни соби, не верувајте.” Матеј 24:24, 26. Бог нè предупредил да се пазиме од популарните верски водачи кои што луѓето ги сметаат за Христос. Ако се придржуваме црвсто до Библијата, не мора да паднеме на популарни измами.




1 http://www.catholicnews.com/data/stories/cns/0802062.htm
2 http://www.catholicnews.com/data/stories/cns/0802156.htm
3 http://www.uspapalvisit.org/stories/BODHIEDERMAN.htm
4 http://www.catholicnews.com/data/stories/cns/0802128.htm
5 http://www.catholicnews.com/data/stories/cns/0802134.htm