Знаци на времето

warning: Creating default object from empty value in /home1/calledto/public_html/modules/taxonomy/taxonomy.pages.inc on line 34.

Хомосексуални бракови во Калифорнија

На 15 мај, 2008 година, Врховниот Суд на Калифорнија, САД, донесе одлука со која на хомосексуалните парови им се дозволува легално да стапуваат во брак. Оваа одлука го обессили законот против бракови од ист пол кој гласачите од Калифорнија го донесоа во 2000-та година. Покрај Калифорнија, само една друга сојузна држава – Масачусетс – дозволува хомосексуални бракови.

Одлуката од 15 мај причини голема возбуда. Некои луѓе се наредија пред Врховниот Суд за да си купат копии од печатената одлука како сувернири или подароци.

Се очекува во наредните неколку години 67.000 (или повеќе) хомосексуални парови да стапат во брак во Калифорнија од кои многумина не живеат во таа сојузна држава. Гледајќи тука мултимилионерска заработка, хотелите и другите бизниси почнаа да се подготвуваат за тоа.

Некои жители на Калифорнија строго се спротивставуваат на ова ново легално прифаќање на хомосексуалниот брак. Противниците планираат да предложат амандман кон уставот на Калифорнија кој ќе го ограничи бракот на заедница помеѓу маж и жена. Тие се надеваат да ги добијат гласовите на поголемиот дел од гласачите во Калифорнија, и така да ја укинат пресудата на Врховниот Суд.

Дали тој амандман ќе успее? Едно гласање во 2007-та година покажа дека 49% од жителите на Калифорнија се противат на хомосексуалните бракови, а 45% се во негова наклоност. И 26 други држави сега имаат забрани против хомосексуалниот брак во своите устави. Како додаток на тоа, владата на Соединетите Држави не ги признава хомосексуалните бракови кои се склопени во една од сојузните држави.

Но со текот на времето, начинот на кој општеството гледа на хомосексуалците е сè попозитивно. Со сè поголемиот број на хомосексуални бракови, веројатно е дека народот сè повеќе ќе се привикне на хомосексуалноста како на нешто прифатливо од општеството.

Во 2000-та година, Калифорнија имаше над 100.000 хомосексуални домаќинства. Во 2004-та година беше известено дека во Америка околу 250.000 деца се чуваат во домови со два хомосексуалци како родители.

И навистина, новата одлука на судот за хомосексуалните бракови е само движење на патот по кој Калифорнија веќе одеше. Државата веќе им беше дозволила на хомосексуалните парови да се регистираат како “домашни партнери” и да ги примат истите легални права како и венчаните парови. Дозволувањето на официјален брак беше само следниот логичен чекор на тој пат.

Калифорнија се соочува со голема поделба на мислењето во поглед на хомосексуалните бракови. Дури и христијанските водачи се поделени на таа точка. Некои, како Ајлин Линдсеј, пастор од Обединетите Методисти, која склопила три хомосексуални бракови спротивно на правилата на нејзината црква, ја подржуваат идејата дека црквите треба да склопуваат бракови за своите хомосексуални членови. Еден католички свештеник, кој одбил да склопи хомосексуален брак заради страв да не го загуби своето верништво (црквено членство), дури рече дека се чувствува “виновен” затоа што не бил похрабар. Други пак од верските водачи сметаат дека склопувањето на хомосексуални бракови не е библиско. Библијата вели: “Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност.” Левит 18:22. “Дури и нивните жени го заменија природниот однос со неприроден. Мажите, исто така, го напуштија природниот однос со жена и се распалија со желба еден спрема друг, правејќи срамни дела мажи со мажи.” Римјаните 1:26, 27. “Ни блудниците, . . . ни полово изопачените, ни мажеложниците. . . нема да го наследат Божјето царство.” 1. Коринтјаните 6:9, 10.

Библијата е јасна. Да се води хомосексуален живот претставува одвратност пред Бога. (Се разбира, ако еден човек се бори со наклонетоста кон хомосексуалност, Бог е моќен и сака да му ги прости неговите минати гревови и да му даде сила да живее нов победоносен живот над тие тенденции.)

Каков треба да биде одѕивот на владата во поглед на прашањето на хомосексуалниот брак? Дали владите имаат право да донесуваат закони кои ја воздигаат моралноста? Апостолот Павле одговара на ова прашање: “Секоја душа нека им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога. . . Зашто владетелите не се страв и трепет за добри дела, туку за зли. . . Но, ако правиш зло, стравувај. . . бидејќи таа е во служба на Бог и гневно се одмаздува на оној што прави зло. Зашто заповедите: ‘Не врши прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!’ - и ако има уште некоја друга заповед, сите се содржани во овие зборови: ‘Љуби го својот ближен како себеси!’” Римјаните 13:1, 3, 4, 9.

Тука Павле ги цитира последните пет од Десетте Заповеди. Овие заповеди раководат со нашиот однос кон нашите ближни. Крадењето, нечесноста, убивањето и повредувањето мора да биде забрането од владата. Така мора да бидат забранети полигамните и хомосексуалните бракови. Владата занемарува да го извршува она што Бог и го доверил кога го одобрува и го легализира она што Бог го нарекува одвратност. Владата нема право да донесува закони во поглед на односот на една личност со Бога, но има одговорност да донесува праведни закони во поглед на меѓусебните односи на луѓето.

Извори:

http://www.economist.com/world/na/displaystory.cfm?story_id=11393818 http://www.latimes.com/news/local/valley/la-me-gaymarriage16-2008may16,0,4899233.story http://abcnews.go.com/Travel/BusinessTravel/story?id=5038636&page=1 http://www.nytimes.com/2008/05/18/us/18gay.html?ref=us http://www.usnews.com/articles/news/national/2008/03/05/gay-marriage-the-impact-of-the-california-case.html http://www.usnews.com/usnews/culture/articles/040524/24family.htm http://www.wsj.com

горна фотографија © Ivonne Wierink | Dreamstime.com

Земјотрес во Кина

На 12 мај, 2008 година, опустошувачки земјотрес ја погоди кинеската провинција Сичуан убивајќи над 68.000 и повредувајќи над 373.000 луѓе. Овие бројки можат да се зголемат со тек на времето затоа што повеќе од 20.000 луѓе се водат за исчезнати заклучно со 27 мај.

И покрај тоа што тресењето траеше само две или три минути, 80% од зградите во Беичуан беа уништени. Две средни училишта кои што се срушија закопаа 1900 ученици и наставници во рушевини. Во Шифанг, над 80 тони на отровни хемикалии се истурија откако една фабрика за хемикалии се урна.

Лизгањето на земјиштето, големите паднати карпи и дождот сторија да биде потешко да се пријде до погодените подрачја. Покрај предизвиканата штета од милијарди долари и 5 до 11 милиони на луѓе кои останаа без покрив над глава, сепак загубата на човечките животи е многу посериозна последица.

Библијата пророкува дека земјотресите ќе бидат еден од знаците за второто Христово доаѓање. “И на разни места ќе има глад, помор и потреси. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со голема слава и сила.” Евангелие по Матеј 24:7, 30.

Ситуацијата на оваа земја не станува подобра туку полоша. Кога слушаме опустошување и загуба на десетици илјади животи, ние можеме да видиме дека Исусовото доаѓање е многу блиску. Наша главна цел во животот треба да биде да се подготвиме за тој настан. Животот на оваа земја е многу неизвесен и затоа мораме да извршиме сериозна подготовка.

Поскапување на цената на нафтата

11 јуни, 2008

Петок, 6 јуни, беше ден дека кога нафтата скокна најмногу од било кога во еден ден. Суровата нафта никогаш не чинела толку многу. За само два дена, цената на “црното злато” се зголеми за некаде 13%.

Како факт, една авиокомпанија, Thai Airways, одлучи да продаде четири од своите авиони за долги релации, и престана да нуди директни летови до Њу Јорк. Таа исто така ќе го намали и бројот на летовите до Лос Ангелес. Горивото за авионите станува премногу скапо и авиокомпаниите мораат да направат некакви редукции. Се проценува дека авиокомпаниите во С.А.Д. ќе треба да потрошат некаде 60 милијарди долари оваа година само за гориво.

Нобуа Танака е извршен директор на Интернационалната Агенција за Енергија (ИАЕ). Секоја земја која е членка на ИАЕ е должна да има своја одредена резерва на нафта; барем онолку колку што таа земја увезла за 90 дена од претходната година. ИАЕ тогаш ги управува тие земји да ја пуштат таа нафта во продажба доколку постои проблем на снабдување со нафта. Имајќи ја во предвид кризата со нафта со која светот се соочува денес, Танака вели дека: “Било каков голем инцидент поврзан со нафта може да предизвика прекин на набавката на нафта.” Со други зборови, веќе не постои изобилие на нафта за секој да има колку сака. Танака вели: “Ние во ИАЕ го набљудуваме нафтениот пазар и се подготвуваме себеси за ослободување на стратешките нафтени резерви во било кое време кога ќе настане некој поголем прекин во набавката.”

С.А.Д., Јапонија и други земји имаат дискутирано начини за скротување на употребата на гориво. На пример, владите можат да ја ограничат употребата на автомобили по градовите, и да постават пониски дозволени брзини. Во Америка од 1974-1984 ограничувањето на возење беше поставено на 88 км на час за да и помогне на земјата да се соочи со нафтената криза која постоеше во 1973-та година.

Танака вели дека ние сега се соочуваме со “нафтена криза,” заради високата цена на нафтата и бидејќи и покрај тоа што се направени напори за намалување на користењето на гориво, побарувачката за нафта сè уште се зголемува.

Нашиот свет на големо зависи од нафта а побарувачката се зголемува. Населението во светот брзо се крева и луѓето во земјите кои се во развој купуваат автомобили, нешто кое порано не можеа да си ги дозволат. На пример, оваа година 10 милиони нови возила ќе се приклучат на патиштата во Кина. Експертите предвидуваат дека до 2030-та година, во светот ќе се користи 50% повеќе енергија од она што е случај денес. Тие мислат дека во тоа време, светот ќе троши некаде 116 милиони барели нафта на ден. Тоа е околу 30 милиони барели повеќе отколку што ние трошиме на ден во денешно време.

Некои луѓе се длабоко загрижени заради “нафтената криза.” И покрај тоа што во не многу далечното минато, никој не користеше гориво или возила на дизел, денес толку голем број на луѓе се многу зависни од нафта, без оглед на високата цена. Експретите се обидуваат да креираат солуции за проблемите додека возачите се загрижени.

Но според Библијата, не е сигурно да ја довериме нашата доверба во она што светот може да го направи за да ги задоволи нашите потреби. Ние треба да го прифатиме фактот дека нашиот сегашен начин на живот може многу скоро драстично да се промени. Тоа е затоа што пророштвото прорекува дека во нашиот свет наскоро ќе се случат големи промени. “Зашто тогаш ќе има страдања, какви што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе ги има” Матеј 24:21. Војните, природните катастрофи, политичките немири и економската нестабилност водат кон крајот на светот, кога Исус ќе дојде.

Последните денови на земјата ќе бидат тешки времиња за сите, но сепак на оние кои одберат да бидат послушни на Бога им е ветено дека Бог ќе се грижи за нивните потреби за време на тие денови. “Ќе му се даде леб и вода нема да му недостасува” Исаија 33:16.

Дури и ако цените се спуштат и се чини дека животот се враќа на нормала за многу луѓе, солуцијата може да е само времена, бидејќи историјата на оваа земја е скоро завршена. Наместо да ја потпираме својата доверба во агенции за енергија или во владите, ние треба да бидеме сигурни дека сме подготвени да бидеме послушни на Бога во тешките времиња кои ни престојат.