Знаци на времето

warning: Creating default object from empty value in /home1/calledto/public_html/modules/taxonomy/taxonomy.pages.inc on line 34.

“И силите небесни ќе се разнишаат”

Пред извесно време над територијата на Канада се распадна метероит од 10 тони. Жителите што беа сведоци на таа восхитувачка глетка мислеа дека се работи за огномет. Експертите веруваат дека ова е најголемо небесно тело што надлетало над територијата на земјата во последните неколку децении.

Но каква врска има ова со христијанството? Во својот познат говор запишан во Матеј 24 глава за крајот на светот и знаците на Неговото доаѓање Исус Христос рече дека “и силите небесни ќе попуштат.” Покрај сите други знаци што ги гледаме во светот секој ден, и ова е еден знак за близината на Божјето царство.

Кога луѓето гледаат сила и светлина на еден метеорит, како овој во Канада, тие се длабоко импресионирани. Како и да е, одблесокот на второто Христово доаѓање ќе биде далеку поголем. Тоа нема да се види само на едно место, туку низ целиот свет. “Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.” Матеј 24:27. “Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око.” Откровение 1:7.

Како факт, Библијата вели деа злите ќе бидат уништени од блескотот на Исусовото доаѓање. “Тогаш ќе се открие и безаконикот кого што Господ (Исус) ќе го убие со здивот на устата Своја и преку блескотот на Своето доаѓање ќе го истреби.” 2. Солунјаните 2:8. Но сепак праведните нема да се плашат од таа славна светлина која ќе го опкружува Исуса Христа. Тие ќе извикаат: “Еве, ова е нашиот Бог! На него се надевавме и Тој ќе нè спаси.” Исаија 25:9.

Нека Бог ни помогне да бидеме меѓу праведните кога Исус ќе се јави по втор пат. Небото е доволно евтино.

Фотографијата не е од настанот

Светска финансиска криза

Кога банките во Америка им одобрија ризични позајмици на луѓе кои сакаа да купат домови, тие им позајмија пари на многу луѓе кои немаа добри шанси истите да ги вратат. Луѓето влегуваа во преголем долг.

Едно средно американско семејство поседуваше 13 кредитни картички, и американците во целост трошеа 800 милијарди долари годишно над својата месечна заработка. Тоа создаде голем долг. Тоа што цената на горивото и храната поскапе, создаде уште повеќе потешкотии за задолжените американци. Бидејќи многу луѓе не можат да го платат или не го плаќаат својот долг за станбените кредити, финансиската индустрија се најде во неволја.

Голем број на изградени домови како и домови кои биле побарани од страна на банките од луѓето кои не можеле да платат, доведе до тоа сега да има премногу домови за продажба. Продавачите мораа да ги намалат цените на домовите за да се обидат да ги продадат, што значи дека домовите не се толку вредни како порано. (Тоа е слично кога на пазарот кога има премногу домати за продажба.) Сега многу сопственици на домови им должат повеќе пари на банките за своите домови отколку што тие навистина вредат.

Одредени претпријатија исто така влегоа во долгови. Со парите кои ги позајмија, тие “купија” имотни долгови (долгови на луѓе кои позајмиле пари за купување дом) од банките, надевајќи се дека кога луѓето ќе ги платат своите долгови тие ќе заработат повеќе пари и така ќе можат да ги вратат парите кои ги позајмиле за да ги купат таквите долгови. Можеш да си замислиш што се случува кога луѓето не ги плаќаат своите станбени кредити. Сега како можат тие претпријатија да ги платат своите сопствени долгови? Сето ова прерасна во голема криза.

Кога големите американски финансиски компании пропаднаа, инвеститорите на берзата со акции станаа нервозни. Вредноста на акциите повторно паднаа кога американскиот Претставнички дом го отфрли законот со кој парите од данокот требаше да помогнат во заживување на економијата.

Бидејќи цените на домовите се пониски, луѓето сега не се толку богати како што некогаш биле. Тие почнаа помалку да трошат. Продажбата на автомобили се намали заради тоа што луѓето не беа во можност да позајмат пари за да купат автомобил. Десетици илјадници луѓе беа отпуштени од работа. Така луѓето имаа ушто помалку пари за трошење. Како што гледаш сето ова е поврзано – помалку вработување значи помалку пари и со тоа помалку трошење, кое ги погаѓа претпријатијата кое пак води кон уште повеќе отпуштања од работа.

Една област во која американците намалија во трошење е возењето. Во август, тие возеа 15 милијарди милји помалку отколку што тоа го направија минатата година во август (2007). Заради тоа што сега е помала побарувачката за гориво, цената на горивото сè повеќе се намалува.

Но како сето ова нè погаѓа нас во Европа? Како што побарувачката за нови автомобили се намалува, произведувачите на автомобили се најдоа во неволја. Дајмлер, произведувачот на Мерцедес, изјави дека тие можеби ќе затворат во времетраење од пет седмици подоцна годинава. Рено, за сега, ги затвори сите свои фабрики во Франција. Ирска влегува во рецесија за која земјата мисли дека ќе трае две години.

А што е со Источна Европа? Украина на свое барање ќе прими заем од 16.5 милијарди долари од Меѓународниот Монетарен Фонд. Оваа година, вредноста на украинската берза со акции падна на над 70%. Тука мораше да се вмеша владата за да го запри раното повлекување на парите од орочените сметки затоа што плашливите луѓе се обидуваа да ги извадат своите пари од банките.

Унгарија исто така ќе прими финансиска помош од надвор а Русија страда затоа што е падната продажбата на железото.

Што се случува со источноевропјаните кои работат во странство? Во последните четири години, 170.000 луѓе од Источна Европа заминаа да работат во Ирска. Се проценува дека 30.000 странски работници веќе ја напуштија Ирска, и 35.000 други се очекува тоа да го направат, затоа што рецесијата во Ирска причинува загуба на работни места.

Библијата предупредува дека доаѓа време кога многу луѓе ќе бидат затечени во уживање на добрите работи од овој свет и уништувањето и загубата ќе надојдат врз нив неочекувано. “Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пијанство, и тегобни грижи за овој живот, за да не ве затекне оној ден ненадејно; зашто тој ќе дојде како стапица за сите што живеат по целата земја.” (Лука 21:34, 35). Дали е мoжно Бог да дозволува луѓето да поминат низ некоја помала финансиска загуба сега, за да ги потсети дека парите и богатствата не се сигурни инвестиции? Кога Исус ќе се врати наскоро, “земјата, и се што е во неа, ќе изгори.” (2. Петрово 3:10). Сите пари, куќи, поседи, банки и претпријатија ќе бидат уништени. Сега е време да го пренасочиме нашиот интерес од собирање на земни благи кон подготвување за второто Христово доаѓање.

Извори:

http://en.wikipedia.org/wiki/Subprime_mortgage_crisis http://money.cnn.com/2008/10/27/markets/oilprices/index.htm http://www.bloomberg.com/apps/news?pid=20601109&sid=appDj0vq857U&refer=home http://www.businessweek.com/globalbiz/content/oct2008/gb20081027_336943.htm?chan=globalbiz_europe+index+page_top+stories

Војна во Грузија

Некаде на почетокот на месец август (2008), во Грузија изби војна. Грузија, мала држава која порано беше дел од Советскиот Сојуз, се наоѓа на брегот на Црното Море и е опкружена со Русија, Азербејџан, Ерменија и Турција.

Војната почна заради една територија во Северна Грузија, Јужна Осетија. Осетија е многу мало подрачје, по својата територија колку една шестина од територијата на република Македонија. Нејзиното жителство вбројува етнички Грузијци и многу поголем број на етнички Осетијани. Јужна Осетија која е место со многу планини исто така е и сиромашно подрачје. Многу луѓе живеат преку обратување на земјата за да обезбедат доволно храна за себеси. Можеби тоа подрачје со своите полиња со жито, овоштарници, мали градчиња и села, како и многу дивина со многу мал број на жители може да нè потсети на Македонија.

Во тој регион постоеше тензија веќе подолго време. Но на 6 август, изби насилие меѓу грузијската војска и силите на Јужна Осетија. Двете страни тврдат дека се невини за испукување на првиот куршум. Како и да е, нештата се влошија на 8 август кога голем број на грузијски војници навлегоа во Јужна Осетија и почнаа да го бомбардираа главниот град на тој регион, Цхинвали. Во градот избија големи битки бидејќи грузијците се обидуваа да ги протераат осетијаните од градот. Руските сили навлегоа во Јужна Осетија на 9 август за да им се спротивстават на грузијците. Тие исто така презедоа контрола и над некои други грузиски подрачја надвор од територијата каде се водеше војната.

На 9 август беше известено дека беа убиени 12 руски војници како и 1300 цивили.

Конечно на 22 август, руските сили се повлекоа од Јужна Осетија. На 26 август, Русија официјално ја призна Јужна Осетија како независна држава, како и една друга малечка одвоена територија, Абкхазија.

Лидерот на Јужна Осетија, Едуард Кокоити е позитивен кон тоа територијата на Јужна Осетија да се присоедини кон Русија. Како факт, на луѓето во Акхалгори, град во дел од Јужна Осетија кој е воглавно населен со грузијци им беше дадена опција да прифатат Руско државјанство или да ги напуштат своите домови.

И Грузиската и Руската страна имаат свои верзии на својата вклученост во конфликтот. Кога силите на Грузија навлегоа во Цхинвали, нивната наводна цел беше да “повторно го воспостават уставниот ред.”* Претседателот на Грузија, Михаил Сакашвили, дури “објави дека неговите сили ‘ослободиле’ голем дел од контролата на сепаратистите.”* Дали жителите на Цхинвали се чувствуваат себеси на ‘ослободени’ или не, е длабоко прашање.

Русија тврдеше дека нивната мисија е мисија на одржување на мир, со намера да ги заштити своите граѓани. (Поголемиот дел од Јужно Осетјаните поседуваат руско државјанство).

Кокоити, сепаратистичкиот лидер на Јужна Осетија, им рече на репортерите: “Сакам да кажам дека Русија и Рускиот претседател, преку својата навремена акција, ја спасија малата нација на Јужна Осетија од геноцид.”*

Прашањето “Кој беше во право?” нема да биде можно да се одговори. Јасно е сепак дека се загубени невини човечки животи и е создадено многу опустошување. Организацијата наречена Надгледување на Човечките Права откри дека од страна на Русија и Грузија биле користени забранети оружја (cluster weapons). Овие оружја можат да предизвикаат експлозија веднаш или многу подоцна заради тоа што некои од експлозивите кои тие ги содржат лежат живи на земјата, подготвени да експлодираат во било кој момент. Животите на земјоделците се во опасност ако се осмелат да заминат во своите полиња за жетва. Од друга страна да не се жнее, значи да се гладува. Веќе во четири села 14 луѓе се убиени и многу повеќе се повредени. Оваа организација има слушнато за за тоа дека во девет села биле користени такви оружја.

Она што се случи во Грузија е мала слика од она што се случува во сите војни и борби – загрозени се невини животи; многумина се повредени и убиени. Сатаната е тој кој ужива во војна – не Бог. На сатаната му е угодно да види уништени луѓе.

Во контраст, Исус рече: “Моето царство не е од овој свет; ако Моето царство беше од овој свет, Моите слуги би се бореле,… но Моето царство не е оттука.” Јован 18:36. Исус поучуваше дека војувањето, дури и за да се основа Неговото небесно царство е нешто несвојствено за христијаните. Колку повеќе тоа е несвојствено при расправии за парчиња земја на оваа планета!

При една случка, Исусовите ученици поставиле прашање дали да се послужат со малку насилна сила за воспоставување на Неговото царство. ”Тие рекоа, Господи, да заповедаме ли оган да падне од небото и да ги истреби…?” Исус “се заврте и ги укори, велејќи, Вие не знаете од каков дух сте. Зашто Синот човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси.” Лука 9:54-56.

Библијата е јасна дека ќе постојат војни како што се приближуваме на крајот на овој свет. Но христијаните не треба да имаат дел во нив. Како Исус, ние не сме од овој свет “за да уништуваме човечки животи.” Како факт, ние треба да бидеме волни попрво дури и да ги загубиме своите домови или земја отколку да прибегнеме кон уништување на живот со цел да ја задржиме нашата територија која со право ни припаѓа. Исус рече: “Љубете ги своите непријатели, правете им добро на оние кои ве мразат. Благословувајте ги оние кои ве колнат, молете се за оние кои ве навредуваат… а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата.” Лука 6:27-29.

Во овој свет каде народите се брзи да пролеваат човечка крв околу расправа за мало парче земја, советот на Исус звучи премногу тежок за да се верува. Сепак начелата на Неговото царство се во директна спротивност со начелата на овој свет.

http://www.en.wikipedia.org/wiki/South_Ossetia

http://www.economist.com/world/europe/displaystory.cfm?story_id=11909324

http://www.abcnews.go.com

Photo by Jonathan Alpeyrie. Licensed under Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Licence: http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/").