Знаци на времето

warning: Creating default object from empty value in /home1/calledto/public_html/modules/taxonomy/taxonomy.pages.inc on line 34.

Неделен закон во Германија

ГЕРМАНИЈА ГО ПОТВРДИЛА НЕДЕЛНИОТ ЗАКОН

Работата на продавниците во недела го крши посебниот закон за заштита на неделата според уставот на Германија. Тоа одлучил Уставниот суд на Германија во месец декември.

Работата на продавниците дозволено е само во посебни случаеви, одлучил Уставниот суд на Карлсшуе прифаќајки ја тужбата на германските цркви против либерализација на работа во недела во сојузната покраина Берлин, каде што единствено е на сила овој правилник.

“Светиот неделен мир и одмор од работа”

Со пресудата на Уставниот суд, на Католичката и Протестанската црква им е дадено право. Во своите тужби кои биле упатени до Уставниот суд, двете цркви навеле кршење на така наречениот ”неделен мир и одмор од работата”, кој го гарантира Темелниот закон, службен назив на Уставот на Германија.

Овие две цркви се повикале на реченицата во законот на Виемарската Република од 1919 година: ”Неделата и државните празници остануваат како денови на мирување од работата и за духовно воздигнување и се со закон заштитени.” Овој 90 години стар закон не пропаднал заедно со Виемарската Република, туку како таков е сместен во Германскиот устав.

Овие цркви уште изјавиле дека со работата на продавниците во недела се крши и се пореметува извршувањето на верските должности. И двете институции ја поздравиле одлуката на Уставниот суд на Карлсшуе оценувајќи го како “недвосмислен сигнал” против интересите на трговците а во корист на неделата како ден за одмор и мир.

Пресудата на Уставниот суд ја поздравил и синдикатот на работниците во Верди.

Дали ова е само навестување или почеток на исполнување на библиските пропоштва кои навестуваат дека низ целиот свет ќе бидат изгласани неделни закони во директна спротивност со Божјата заповед за празнување на саботниот ден како што ни е дадена во четвртата Божја заповед?

Враќање кон Средниот Век

Една италијанска комедичарка може да биде осудена до пет години затвор заради нешто што рекла минатиот јули. Сабина Џузанти, обраќајки се на група на народ во Рим, се пошегува на сметка на папата Бенедикт XVI. Како дел од шегата, таа изјави дека за дваесет години папата ќе биде во пеколот.

Ова сега е злодело, затоа што “ја повредува честа на една света и неповредлива личност,” папата Бенедикт XVI.i

Некои италијани се согласуваат со судското гонење на Сабина Џузанти заради нејзината забелешка, додека други се спротивставуваат. Таткото на комедичарката, на пример, мисли дека ваков начин на третман е сличен на она што било правено кон дисидентите за време на Средниот Век.

Антонио Ди Петро, член на сенатот, мисли дека изјавата на Сабина Џузанти треба да биде дозволива, затоа што на луѓето им е дозволена слободата на мислата. Тој рече: “Вие може или не може да се слагате со она што таа го кажа – и јас лично не се слагам – но да се стават луѓе во затвор за она што тие го мислат е потсетување на времето кога на оние кои размислуваа поинаку им беше истурано рицинусово масло во нивните грла.” ii Зборувајќи го тоа тој мислеше на некогашниот фашистички режим во Италија.

Каков треба да биде пристапот на христијанинот кон овој предмет? Иако изјавата на г-ѓицата Џузанти не беше учтива, сепак една слободна земја треба да му дозволи на својот народ да ги искаже не само позитивните мисли за верските водачи и движења, туку исто така и негативните. Дали некој има право да ги прогонува луѓето кои зборуваат нешто неугодно за некој верски водач?

И покрај тоа што ние не го подржуваме сарказмот и измејувањето на г-ѓицата Џузанти, сепак треба да бидеме загрижени ако италијанскиот суд ја осуди на затвор заради нејзината слобода на говор. Ние исто така мораме да бидеме загрижени ако католичката црква и дозволи на владата да го спроведе тоа дело на осудување. Црквата не треба да ја користи силата на државата за да се брани себеси.

i. http://www.timesonline.co.uk/tol/news/world/europe/article4732048.ece ii. http://www.timesonline.co.uk/tol/news/world/europe/article4732048.ece

Новогодишна катастрофа

Рано ова утро, 1-ви јануари, 2009, прославата на новата година во еден ноќен клуб во Бангок, Тајланд, беше одеднаш прекината. Навидум, огнометот кој се наоѓал на подиумот во двоспратниот ноќен клуб го зафати плафонот на зградата во оган. За десет минути, целата зграда беше во пламен. Тој ноќен клуб во кој се наоѓаа богати славеници, вклучувајќи и многу странци, содржеше околу 1000 луѓе во тоа време.

Во паника за да се избега, луѓето беа туркани и газени под нозе. Други пак не беа во можност да избегаат само низ едната врата која беше достапна. Еден станар на еден близок апартман, Сомпонг Тритавилап, го виде тоа што се случи. Тој рече: “Луѓето врискаа за помош од секој прозорец. Сцената беше ужасна. Нивната коса и облека гореше но тие ништо не можеа да направат додека оганот ги проголтуваше.”*

Додека спасителите се обидуваа да помогнат, пожарот продолжуваше. До сега, починаа 59 а се повредени 203 лица.

Ноќниот клуб Сантика, беше познат по тоа што привлекуваше погати Таи студенти, Западњаци и Европјани. Беше служен алкохол и центар на вниманието беше подиумот.

Библијата нè предупредува дека во последните денови, ќе бидат чести сцените на лумпување, гоштевање и пијанчење и уништување ќе дојде врз љубителите на задоволството кои немаат интерес за небесниот Бог. “Но ова знај го, во последните денови ќе настанат тешки времиња. Зашто луѓето ќе бидат... повеќе љубители на задоволства отколку богољубиви.” 2. Тимотеј 3:1-4.

“Како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, се до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите. Така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки.” Лука 17:26-30.

*http://www.msnbc.msn.com/id/28451806/

Фотографијата не е од настанот