Теми и статии

warning: Creating default object from empty value in /home1/calledto/public_html/modules/taxonomy/taxonomy.pages.inc on line 34.

Родителската одговорност во формирањето на карактерот

Божја задача за родителите. – Бог на родителите им ја дал нивната работа, да ги обликуваат карактерите на своите деца според божествената Мостра. Преку Неговата благодат тие можат да ја извршаат таа задача; но тоа ќе бара трпеливи, макотрпни напори, но не помалку ќе треба цврстина и одлука, за да се води волјата и зауздаат страстите.

Поле кое е оставено само на себеси ќе донесе само трње и боцки. Оној кој сака да произведе жетва за корисност или убавина мора прво да ја подготви почвата и да го посее семето, потоа да копа околу младите ластари, отстранувајќи ја тревата и омекнувајќи ја земјата и драгоценото растение ќе процвета и богато ќе ја награди неговата грижа и работа.

Изградбата на карактерот е најважното дело, кое некогаш им било доверено на човечките суштества; и никогаш порано неговото вредно изучување не било толку важно како сега. Никогаш ниту една претходна генерација не морала да се соочува со толку тешки проблеми; никогаш порано момчињата и девојките не биле соочени со толку големи опасности како оние кои денес им се закануваат.

Тоа е вашата работа, родители, карактерите на своите деца да ги развиете во хармонија со начелата на Речта Божја. Оваа работа треба да има приоритет затоа што тука се вклучени вечните интереси. Изградувањето на карактерот на вашите деца е поважно отколку обработката на вашите поседи, понеопходна отколку изградување на куќи за живеење, или вршење на било кој вид на работа или трговија.

Домот, најдоброто место за изградување на карактерот. – Ниту училиштето ниту факултетот не пружаат можности за изградување на карактерот на детето, како што ги пружа домот.

Искривените карактери мора да се исправат. – Оние кои што искривените карактери нема да ги исправат во овој живот не ќе можат да имаат дел во идниот бесмртен живот. О, колку е важно за младите да не ги искриват своите карактери. Родителите играатважна улога во оваа работа. Врз нив почива светата одговорност на воспитување на своите деца за Бога. Ним им е дадена можноста да им помогнат на своите малечки да формираат карактери кои ќе им обезбедат влез во небесните дворови.

Родители, не грешете тука. – Родители, заради Христа, не грешете во вашата најважна работа, во моделирањето на карактерите на вашите деца за сега и за вечноста. Ако сторите една грешка, занемарувајќи верно да ги поучите, или и попуштате на таа немудра љубов која ги заслепува вашите очи за нивните мани и ве спречува да им пружите правилно зауздување може да биде на нивна пропаст. Вашиот начин на постапување може да ги упати на погрешна насока за целиот нивен понатамошен живот. Преку својот живот вие одлучувате што ќе бидат тие во иднина и што ќе сторат за Христа, за луѓето и за своите души.

Постапувајте чесно и верно со своите деца. Работете храбро и трпеливо. Не плашете се од крстови, не штедете време, напори, бремиња и страдања. Иднината на вашите деца ќе посведочи за карактерот на вашата работа. Верноста кон Христа од ваша страна може подобро да биде изразена преку симетричен карактер кај вашите деца, отколку на кој и да е друг начин. Тие се Христова сопственост, купени со Неговата крв. Доколку нивното влијание е целосно на страна на Христа, тие се негови соработници, помагајќи им на другите да го најдат патот кон животот. Доколку вие ја занемарите својата од Бога дадена работа, вашиот немудар начин на дисциплина ќе ги постави меѓу оние кои одведуваат од Христа и го засилуваат царството на темнината.

Чист дом, но невоспитани деца. – Јас видов како една мајка со критичко око можеше да ја увиди сета несовршеност во подесеноста на предметите изработени од дрво во домот, и која што беше многу специфична за тоа нејзината куќа да биде целосно чиста во точно определеното време, и тоа често го извршуваше на штета на физичкото и духовното здравје, додека нејзините деца беа оставени на пропаѓаат на улица и таму да се здобијат со улично воспитување. Тие деца ќе пораснат и ќе бидат непристојни, груби и непослушни. Мајката, и покрај тоа што имаше вработено помошничка, беше толку многу ангажирана во грижите околу домот што не можеше да одвои време за правилно да ги воспита своите деца.

Таа им дозволуваше да пораснат со деформитети на карактерот, недисциплинирани и невоспитани. Ние можевме да видиме дека префинетиот вкус на мајката не беше практикуван во правилна насока затоа што поинаку таа би ја видела неопходноста за обликување на умовите и манирите на своите деца и би ги образувала да имаат симетрични карактери и љубовни темпераменти.

Доколку мајката дозволи сите нешта на кои таа највеќе им посветувала внимание да бидат второстепени, таа би го сметала физичкото, умственото и менталното воспитување на своите деца од скоро бескрајна вредност. Оние кои врз себеси ќе ја превземат одговорноста на мајки треба да чувствуваат дека се под најсвечена одговорност пред Бога, и своите деца да ги воспитаат како тие би имале пријатни и мили наклонетости, за да бидат морално чисти, префинети по вкус и прекрасни по карактер.

Извадоци од книгата "Совети за правилно воспитување на детето." За порачка погледајте во нашата он-лајн книжарница.

Болести што започнуваат во умот

Премалку се размислува за причинските фактори. - Премногу малку се размислува за причините за смртноста, болестите и дегенерацијата кои денес постојат и во најцивилизираните и најразвиени земји. Човечката раса пропаѓа.

Девет десетини од болестите се производ на умот. - Болестите на умот преовладуваат насекаде. Девет десетини од болестите од коишто страдаат луѓето имаат свој зачеток во умот. Можеби некој семеен проблем, како рак, ја јаде самата душа и ги слабее животните сили. Каењето за гревовите понекогаш ги поткопува телесните сили и доведува до неурамнотеженост на умот. Исто така постојат погрешни учења, како она за вечниот пекол и вечното мачење на злите, коишто, давајќи преувеличени и изопачени погледи за Божјиот карактер, предизвикуваат исти резултати врз чувствителните умови.

Умот влијае на телото. - Односот што постои помеѓу умот и телото е многу тесен. Кога се влијае на едното, другото сочувствува. Состојбата на умот влијае врз здравјето на целиот организам. Ако умот е слободен и среќен, што потекнува од исправните постапки и чувството на задоволство кога се усреќуваат други, тоа создава ведрина којашто се одразува на целиот организам, предизвикувајќи послободна циркулација на крвта и јакнење на целото тело. Божјиот благослов е исцелителска сила и оние коишто со задоволство работат за добробит на другите ќе забележат чудесен благослов во срцето и животот.

Добро нахранет и здрав мозок. - Мозокот е орган и инструмент на умот и го контролира целото тело. За останатите делови на организмот да бидат здрави, мозокот мора да биде здрав. А за да биде здрав мозокот, крвта мора да биде чиста. Ако крвта со исправни навики во јадењето и пиењето се одржува чиста, тогаш мозокот исправно се храни.

Далекусежното влијание на мечтата. - Имагинацијата на пациентот честопати ја предизвикува или многу ја влошува неговата болест. Мнозина кои можеле да се чувствуваат добро остануваат инвалиди за цел живот само затоа што самите се сметале за такви. Мнозина си замислуваат дека секакво лесно изложување ќе предизвика болест и злото кое го насетуваат и очекуваат обично и доаѓа. Мнозина умираат од болести кои се целосно замислени.

Електричната сила на мозокот го оживува организмот. - Треба да се нагласи влијанието на умот врз телото исто како и влијанието на телото врз умот. Електричната сила на мозокот, засилена со умствена активност, го оживува целиот организам и на тој начин станува скапоцена помош во спротивставувањето на болестите. Ова мора јасно да се изнесе. Силата на волјата и важноста на самоконтрола како за чувањето така и за обновувањето на здравјето; штетните, па дури и разорните последици од гневот, незадоволството, себичноста, порочноста, и од друга страна, прекрасната животна сила која се наоѓа во доброто расположение, несебичноста, благодарноста - сето тоа исто така треба да се прикаже.

Некои се болни затоа што им недостасува сила на волјата. - На своите патувања сретнав многу кои страдаат поради својата имагинација. Им недостасува сила на волјата за да се издигнат и да ги победат болестите на телото и умот; затоа биле држени во ропство на страдањата. . . Често се случуваше да се свртам од болничките постели на тие луѓе кои самите себе се направиле инвалиди, велејќи си самата на себе: споро умирање, умирање заради мрзливост, тоа е болест која никој не може да ја излечи, освен самите тие.

Важноста за здрав ум и здраво тело. - Менталната и моралната сила зависи од физичкото здравје. Децата мораат да се учат да ги жртвуваат сите задоволства и попуштања кои им штетат на нивното здравје. Ако децата се научат на самооткажување и самоконтрола, ќе бидат многу посреќни отколку ако им се дозволи да им се препуштаат на своите желби за задоволство и екстраваганција во облекувањето. . . На доброто здравје, бистриот ум и чистото срце не им се придава првенствена важност во семејствата. Многу родители не ги воспитуваат своите деца за корисност и должност. Тие се разгалени и склони на попустливост така што самооткажувањето им станало скоро невозможно. Тие не се поучувани дека на успешниот христијански живот му претходи развој на здрав ум во здраво тело што е од најголема важност.

Деца кои премногу рано се изложуваат на голем притисок. - Извесно е дека во училниците е поставен темел за разни видови на болести. Но, она што лично нè засега, најсложениот орган - мозокот, често се ранува од преголеми напори. . . Така, многу животи се жртвувани од амбициозните мајки. Од оние деца коишто очевидно имале доволно силен склоп за да ги преживеат таквите постапки, има многу такви кои последиците ги носат во текот на целиот свој живот. Нервната сила на мозокот толку многу ослабнува што откако ќе навлезат во позрели години невозможно им е да издржат поголем психички напор. Силата на некои од сложените органи на мозокот изгледа истрошена. Не само што физичкото и менталното здравје се загрозува со прераното испраќање на училиште, туку тие исто така се губитници и од морална гледна точка.

Извадоци од книгата "Ум, карактер и личност." За порачка погледајте во нашата он-лајн книжарница.

Да се љуби смело сега

“Горко вам кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас...” (Лука 6:26)

Ако твојот живот е спокоен и удобен, ако сите твои односи со луѓето се воглавно добри, и ако сметаш дека немаш ниеден непријател, можеби се уште не си вистинско Божје дете!

Некои луѓе се гордеат со фактот дека кон нив сите се однесуваат пријатно. Тие тоа често го земаат како силен доказ за своето успешно духовно искуство. За нив е најважно да добијат одобрување и да воспостават добри односи со што е можно повеќе луѓе. Таквите заклучуваат дека се добри верници ако на секому му се допаѓаат.

Меѓутоа, Библијата сепак става нешто над задобивањето на пријателите и влијанието над луѓето. А тоа е извршувањето на Божјата волја. Ова треба да биде на прво место.

Исус рекол дека Неговото дело е да ја врши волјата на Оној што го испратил. За Него тоа било најважното нешто од сè друго што работел и зборувал. Тој живеел за тоа. Господ знаел дека ваквиот став често ќе предизвикува судири. Ги предупредил Своите следбеници дека секој оној кој Божјата волја ќе ја воздигне над сето друго во животот - како што Тој тоа го правел - ќе може да очекува судири со светот. Тој Без притеснување и извинување им рекол: “Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч. Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка... И непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.” (Матеј 10:34-36).

Неугодни зборови. Вознемирувачки. Мнозина не можат буквално да ги прифатат. Затоа ги разубавуваат, тврдејќи дека се симболични или ги покриваат со смирувачки фрази. Малкумина се оние кои што се спремни да живеат во неслога со било кого, а најмалку со членовите на своето семејство. Повеќето од оние кои што доаѓаат во црква сметаат дека вистинската побожност не е толку голема и недостижна за да предизвика појава на тешки и нерешливи проблеми.

Веќе со години се издаваат многубројни брошурки во кои што се набројуваат Божјите ветувања. Одржани се безбројни охрабрителни проповеди со прекрасни ветувања на сигурност што ги дава Исус. Чудно е тоа што и во брошурките и во проповедите се занемарува она ветување во кое што Господ нагласил: да се стане Негов следбеник значи без своја волја да се запаѓа во тешкотии, кога се во прашање односите со другите луѓе.

Ако мислиш дека луѓето секогаш добро ќе се однесуваат кон тебе затоа што си побожен, затоа што се обидуваш да му служиш на Господа, дека поради тоа ќе бидеш почитуван, прифатен и ценет, грешиш.

“Исус на Своите ученици им ветил,” вели еден писател, “дека нема да имаат страв, дека ќе бидат среќни, но и дека ќе запаѓаат во неволји.”

Исус одел и правел добро и само добро. Бил совршено љубезен и сочувствителен. Во односот со сите луѓе покажувал љубов. Па сепак, запаѓал во повеќе неволји отколку било кој на светот пред или по Него. Исус, Кнезот на мирот, бил средиште на бурата.

Уште во своите рани години Тој преку лично искуство ја запознал мачнината на судирот поради, “разликите во гледиштата,” со сопствената мајка и татко. Правејќи го она за кое што бил осведочен дека е Божја волја, поминувајќи го времето во она што е на Неговиот Татко, Тој се судирал со плановите што за Него ги имале Неговите земски родители. Тоа предизвикало и непосреден судир со нив. Бил принуден да ги укори, што воопшто не било лесно за така чувствителна личност како што бил Тој.

Никој никогаш не бил толку погрешно сфатен како Исус Христос. Никој толку погрешно претставен. Никој толку погрешно примен.

Изгледа несфатливо животот со потполна љубов да може да направи човекот да биде избегнуван, презрен па дури и омразен. Но, така е. Така било со Исуса, и мораме да сфатиме дека кога јас и ти ќе почнеме да им ја покажуваме Божјата љубов на луѓето, тоа истото секако ќе ни се случи и нам.

Низ векови одѕвонуваат овие искрени зборови: “Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас!... Помнете го зборот што ви го реков: Слугата не е поголем од својот господар! Ако ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас...” (Јован 15:18, 20). Не е лесно да љубиш. Тоа чини. Ако љубовта не ја плаќаш со никаква цена, тогаш всушност не љубиш.

Библијата вели: “Сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.” (2. Тимотеј 3:12). Ако ја прифатиш Библијата така како што е напишана, ќе сфатиш дека тоа всушност значи: доколку се немаш соочено со никакво прогонство, ниту неволја, можеби и не живееш како вистински Христов следбеник.

Ако твојот живот е угоден и без проблеми, ако од сите уживаш одобрување, прифаќање и пофалби, тогаш најверојатно во твојот духовен живот има сериозни проблеми. Можеби си во опасност да го загубиш дури и вечниот живот. Сигурно не се осмелуваш уште сега во полна мера да живееш живот збогатен со Божјата љубов.

Тогаш не е ни чудо што Исус рекол: “Блажени сте кога луѓето ќе ве замразат, и кога ќе ве одделат и ве похулат и го исфрлат вашето име како лошо.” А потоа додава: “Горко вам, кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас...” (Лука 6:22, 26).

Кога нема никакво противење насочено кон нас, тоа е сигурен знак дека не се осмелуваме да направиме за Бога било што, макар и од најмала важност.

Црквата можеби е добро прифатена во општеството благодарејќи на напорот добро да се претстави. Тоа што луѓето ја фалат црквата за нејзините добри, хуманитарни дела и за карактерот на установите кои што ги основа и одржува, не е причина да се радуваме и да заклучиме дека во потполност сме ја исполниле Божјата волја. Немојте да станеме задоволни со самите себе и да почнеме да извикуваме: “Зар тоа не е прекрасно како не благословува Бог!” Тоа што сме познати и широко прифатени можеби би требало да нè поттикне на едно сериозно преиспитување.

Зошто огновите на прогонството, кои што некогаш толку силно пламтеле, сега згаснале? Можеби поради тоа што црквата се вклопила во световните стандарди па и нема со што да предизвика противење? Можеби популарната религија не е онаа истата каква што била во времето на првата христијанска црква? Можеби компромисот со гревот го затапил “мечот” за кој што зборува Христос? Зар големите вистини на Библијата толку лесно се прифаќаат така што сега има толку малку жива побожност во црквата? Доколку верата и силата на првата христијанска црква би оживеале, дали можеби ќе се случи да оживее и духот на прогонството? Дали пламенот на противењата повторно би се разгорел?

Aко сакаме да го сфатиме судирот кој што е присутен во христијанството, мораме да ја согледаме неговата вистинска револуционерна сила. Иако мнозина избегнуваат употреба на така силен термин, вистинското христијанство во суштина е радикална сила.

Тоа ја менува човековата природна смисла за вреднување на нештата и сè поставува поинаку. Тоа ги менува неговите интереси, побуди, цели, надежи и соништа, - сè што се појавува како битно во неговото постоење - и ги вкрстува со целите на неговите ближни, па дури и со членовите на неговото семејство.

Исусовиот следбеник своето внимание и доверба им ги придава на небесното царство, додека останатите луѓе ги насочуваат кон земските вредности. Во животот на Божјето дете надмоќно владее Исус, додека во животот на другите владеат сопствените желби и потребата за чест - без оглед на тоа колку тие морално или религиозно исправно изгледаат и постапуваат.

Човекот кој што се определил за Бога го набљудува светот низ поинакви наочари - низ стакленца за исправување. За еден Христов следбеник, неговиот автомобил не е негов, како што не се негови ниту неговите раце ниту неговиот стомак. За човекот кој што не мисли така ова е невозможно.

Човекот кој што се соединил со Христа е милостива личност, а во овој свет милоста се смета за слабост. Тој е искрен во светот кој што од ден на ден станува се повеќе неискрен. Тој е чист во светот кој што ужива да се валка во сопствената нечистотија. Опкружен со луѓе посветени само на сопствените интереси, ваквиот човек себеси се посветува за доброто на другите.

Во време кога во светот се изјавува дека повеќе не постои морална сигурност и чистота и дека секоја вредност станува релативна, Божјето дете продолжува да верува во ставовите за вистината и гревот, за светлината и темнината, за моралот и неморалот.

Спасителовиот следбеник знае дека гревот не е премината идеја, туку дека с# уште е основниот човечки проблем. Нему не му е потребно прифаќање од светот, па дури не му е важен ни сопствениот живот, доколку треба да бира помеѓу тоа и компромисот со своите сопствени убедувања. Послушноста на Божјиот закон и извршувањето на Божјата волја му се поважни и од самиот живот, не затоа што е своеглав, не затоа што се замислува дека е во право, а сите останати грешат, туку затоа што неизмерно го љуби својот Бог.

Христијаните мачители од минатото не умреле за вистината, ниту за некоја идеа, или начело, или уверување, или за црквата. Тие умреле за една Личност. Можеле да се осмелат да умрат, затоа што се осмелиле да љубат. Да го љубат Него. Длабоко и непроменливо.

Секој кој што толку многу го љуби Бога навистина живее како странец на овој свет. Оној кој што не се откажува од оваа извонредна идеја без оглед колку таа е во спротивност со неговата природа и со неговите желби, наскоро ќе биде освоен од неа.

Т. С. Елиот рекол: “Во светот на минливостите, оној кој што ќе тргне во спротивниот правец, изгледа како бегалец.”

Било кој, кој што живее во спротивност со омилените ставови, идеи и традиции, мора да наиде на потешкотии.

“Јас не можам да кажам дека ме води Бог,” напишал Мартин Лутер. “Тој ме турка напред; ме влече. Јас не сум свој господар. Сакам да живеам во мир, но фрлен сум во средиштето на немирот и пресвртот.”

Ако сакаш да ја одбраниш Божјата чест и без оглед на цената останеш со вистината ќе се најдеш во неволја. И Исус така поминал. Ако ја испушташ можноста да го осудиш злото и кога молчиш, а потребно е твоето влијание за да се одбрани вистинитото од погрешното, ќе избегнеш многу проблеми. Но тоа сепак ќе го платиш со голема цена. Можеби со најголемата. Со својата сопствена душа.

Угодната опуштеност и лагодност на животот им ускратуваат на мнозина да ја разберат величествената вистина - во светот се води жестока борба. Нивниот лагоден живот како да го порекнува фактот дека силите на доброто и злото токму сега се ангажирани во безпоштедната борба за превласт на планетата Земја.

Мораме да сфатиме дека живееме во посебни услови. Нашиот избор за Христа како водач на нашиот живот не вклучува во таа сеопшта борба.

Сатаната ги повикува сите свои сили и уфрла во игра сè што има. Зошто наидува на толку мал отпор? Зошто Христовите следбеници се рамнодушни?

Причината е во тоа што тие не се држат близу до својот Војсководец. Немаат многу од Неговиот дух. Не покажуваат желба да го сузбијат непријателот. Не се гадат од неговите патишта. Не се соочуваат со злото онака како што тоа го правел Исус, и не се спремни на непопустлив отпор кон гревот. Тие и не ја сфаќаат страшната сила на злото која што ја има сатаната. Не можат да ја видат отровната природа на непријателот на целата вселена. Не го мразат злото и не мислат на неговата сила, злоба и огромни размери.

Поради ваквата рамнодушност и слепило, силите на злото сега го завземаат тлото со брзина која што би требало да н# дигне на узбуна. Грешноста незадржливо цвета, како што прорекла Библијата, љубовта на мнозина се оладува.

На Бога му се потребни луѓе кои ќе имаат смелост да љубат сега! Смелост да љубат наспроти омразата и огромното зло. Смелост да го љубат Исуса. Смелост да се љубат себеси, како синови и ќерки Божји. Смелост да ги љубат и оние кои е тешко да бидат љубени. Смелост да ги љубат и своите непријатели. Смелост да љубат дури ако за тоа треба да платат и со омиленоста во општеството. Смелост да љубат, дури ако тоа ги чини и живот!

Во овој тежок судир најдоброто оружје на секое Божје дете е љубовта. Без неа сме незаштитени и не можеме да постигнеме ништо. Ако нашите срца не се запалени со љубовта, еден ден нашиот рамнодушен живот ќе се струполи преку работ на празната вечност, затоа што никогаш ништо не сме направиле за Бога. Нашата неосетливост и рамнодушност, нашиот пропуст лично да се заинтересираме за големата борба, па дури и да бидеме ранувани во неа, конечно ќе направи да изгубиме сè.

Меѓутоа, ако ја избереме Божјата љубов со неа да живееме во овој вознемирен свет, ќе се најдеме неизбежно во борба, во најжесток судир. ќе бидеме изложени на непрекинати, директни, силни напади на најжестокиот, најлукавиот и најзлобниот непријател кој што било кога постоел во вселената (впроцен и не постоеле други непријатели пред него – заб. уредник). Ние кои што сме направиле идол од угодната сигурност, набрзина ќе научиме што значи да се има меч наместо мир. Како Мартин Лутер, ќе бидеме фрлени во вртлог, пресвртница и судир. Тоа е неизбежно. Како што јасната светлина ја изгонува темнината, така вистината ја изгонува заблудата. Овие две не можат да одат заедно. Да се сака и да се воздигнува едното значи да се мрази и да се бори против другото.

Луѓето со поспана совест токму затоа се чувствуваат нелагодно вознемирени. Религиозните личности кои сакаат удобност секогаш ги нервирале оние кои што не можат да се задоволат со “статус кво” во црквата или во светот. Оние што ја избрале лагодноста спијат цело време додека околу нив се формира опсада на зло, предрасуди, омрази, неморал и себичност. Малку ќе се подигнат од својата поспаност доколку сакате да ги разбудите. Ја избегнуваат секоја можност да се приклучат во судирот кој што би можел скапо да ги чини.

Од друга страна, вистинските Божји следбеници, незадржливите реформатори - секој Илија, Еремија, Стефан, Павле, Мартин Лутер - секогаш биле сметани како причинители на проблемите.

“Кога Ахав го здогледа Илија, му рече: Ти ли си оној што го вознемирува Израел?” (1. Цареви 18:17). Изопачениот цар на избраниот Божји народ, кој што веќе одел по патот на отпадот, го обвинува човекот, кој што потполно и е потчинет на Божјата волја, дека е причинител на тешкотиите, неслогите и вознемиреноста во народот. Ваквото обвинување ќе продолжи да се повторува се додека борбата меѓу доброто и злото не се заврши.

Мораме да сфатиме дека неволјите не мора секогаш да значат дека нешто не е во ред во нашиот однос со Бога. Мораме да ја сфатиме библиската наука за прогонство заради правдата. Мораме да бидеме во состојба тоа да го сметаме за природен дел на животот збогатен со Божјата љубов во овој свет во кој што се повеќе владее спротивниот принцип - свет кој што не сака да ја прифати љубовта.

Дури ни Божјата љубов.

Дури ни нејзиниот силен израз во личноста на Божјиот Син, распнатиот Исус Христос.

Ако Божјето дете осиромаши во љубовта кога ќе наиде на противење, пропушта да донесе род на победа во корист на Христа. Ако ова се случи, сите негови најдобри намери, сите најзвучни верувања немаат никакво значење.

Одејќи по љубовта, ќе дојдеш до конечен заклучок дека вистинската љубов, не е слабост туку сила. Тоа ни одблизу не е некакво млако, пријатно чувство, ниту угодно уживање - како некое релаксирачко хоби или цветна градина. Љубовта е напорна, тешка, одговорна работа за која што работното време непрекинато трае. Тоа е нешто слично на обидот со голи раце да се помести планина. Да ги љубиш луѓето е најтешката работа на светот. Таа работа понекогаш може да изгледа обесхрабрувачка и безродна. Но ако си вистинско Божје дете ќе ја прифатиш таа работа, без оглед на последиците. Така правел и Исус.

Библијата вели: “Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.” (Галатјаните 6:9). Држи се за ова ветување и продолжи да љубиш.

Сфаќањето на начелото на љубовта ќе те оспособи да имаш вистинска радост во неволјите и судирите. Тие можат да ти станат знак дека Бог те вклучува во некое дело кое Нему Му е многу важно. Да не е така, не би наидувал на противења. “Блажени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!

Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас.” (Матеј 5:10-12).

Биди задоволен кога ќе дојдат тешкотиите, истакнува Божјата реч! Тие на вистинскиот верник ќе му бидат знак дека искрено е предаден и доказ дека навистина е вклучен во Божјето дело на враќањето на изгубениот сјај на планетата Земја! Тешкотиите не го загрижувале апостол Павле:

“Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб тогаш сум силен.” (2. Коринтјаните 12:10).

Потребно ни е подобро да го сфатиме фактот дека неволјата како природен резултат на делувањето на Божјата љубов донесува напредок на Божјето дело. Напредокот секогаш доаѓа кога ќе се соочиме со противења.

“Сите кои што ја понеле цивилизацијата напред биле жестоки луѓе,” рекол еднаш познатиот проповедник Питер Маршал, “оние кои што биле спремни да се бунтуваат по парковите, на плоштадите, да прикачуваат тужби на јавните згради. Свесно влегувале во судири но страшно ги погодувале неправдите и грешките што ги гледале во општеството и во црквата.” (John Doe Disciple, стр. 105)

Човекот кој што од свое лично искуство знаел за огромната цена на одважноста посветена на Бога, бил Мартин Лутер. Тој во една прилика рекол вака: “Мир ако е можно, но вистината по секоја цена!”

Библијата го открива фактот дека првите Христови следбеници достигнале таква мера на духовен раст што не се плашеле да покажуваат љубов и пожртвувано да живеат за Бога. Одлучни за да не дозволат животот да им помине бесцелно, истрајно се соочувале со сатанските предизвици, закани и напади, додека паганскиот свет го опсипувале со љубов. Наместо да го прифатат светскиот статус кво, со таквото свое постапување тие со спасоносната вистина го опсипале целиот свет.

Небесниот Татко ги исчекува Своите деца, во истата таа мера да им подари сила. Тој го чека Својот народ да љуби за Него, сега. Како што Исус тоа го правеше.

Даглас Купер