Големата борба помеѓу Христа и сатаната

Оваа книга, драг читателу, не е објавена за да ни зборува за постоењето на гревот, болката и душевната мака на овој свет. Ние тоа многу добро го знаеме. Не е напишана само затоа за да ни зборува за непомирливата спротивност помеѓу мракот и светлината, гревот и правдата, злото и доброто, смртта и животот. Ние тоа во длабочината на својата душа го чувствуваме, зашто и ние самите сме учесници во таа борба. Сепак во срцето на секој од нас понекогаш се јавува длабок стремеж да дознаеме нешто повеќе за таа борба. Како започнала таа? Дали таа сè уште се води? Што сè опфаќа нејзината длабоко впечатлива сложеност? Како јас се поставувам во однос на сето тоа? Каква е мојата одговорност? Јас не сум дошол на овој свет по сопствен избор. Дали тоа за мене значи зло или пак добро?

Кои големи начела ја претставуваат суштината на оваа борба? Дали таа ќе трае уште долго? Каков ќе биде нејзиниот краен исход? Дали оваа Земја, како што тврдат некои научници, лишена од сончевата светлина ќе потоне во ледените длабочини на вечната ноќ, или пак и претстои поубава иднина - да биде осветлена со светлината на животот, со топлината на бескрајната Божја љубов?

Освен тоа, ни се наметнува и прашањето: Дали таа борба во моето срце, борбата помеѓу љубовта и себичноста, ќе заврши со победата на доброто над злото, и тоа сопобеда за секогаш? Што кажува Библијата за тоа? Што сака да ни каже Бог за тоа прашање, толку важно за секоја душа? Такви и слични прашања ни се наметнуваат на секој чекор. Тие незадржливо се јавуваат од длабочината на нашето срце и бараат одговор. Сигурно е дека Бог кој во нашите срца всадил копнеж за подобро, желба за вистина, нема да ни го скрати одговорот на сето она што треба да го дознаеме; зашто: “Господ не прави ништо а притоа да не им ги открие Своите тајни на Своите слуги - пророците.”

Книгава е напишана со една цел, да и помогне на секоја вознемирена и загрижена душа да го најде вистинското решение за сите овие проблеми. Таа е пишувана од рака на автор, кој почувствувал и дознал дека Бог е добар, дека “тајната Господова е во оние кои имаат страв Господов, и им го јавува Својот завет.”

За подобро да ги сфатиме принципите според кои се води оваа борба од чијшто исход зависи судбината не само на нашата планета туку и на целата вселена, авторот во оваа книга го изнесува она, што како очигледна поука се случувало во последните дваесет века.

Книгава започнува со тажните сцени од историјата на Ерусалим, од Бога избраниот град, откако неговите жители дефинитивно го отфрлиле Човекот од Голгота, Кој дошол за да ги спаси. Потоа, долж поминатиот голем пат од историјата на христијанската ера, укажува на прогонствата на Божјите деца во првите векови, големиот отпад во самата христијанска црква, распространетото будење на реформацијата, при што некои од големите принципи на оваа борба се појасно манифестирани; повторното оживување и издигнување на Библијата и нејзиното благотворно - спасително влијание, религиозните будења во последните денови, отпечатувањето на блескотниот извор на Божјото Слово со неговите чудни откровенија на светлост и знаење - за да можеме да се спротивставиме на убиствената поплава на разновидните заблуди, и мракот.

Едноставно, но силно и впечатливо, е прикажан и претстојниот судир во нашите денови, заедно со суштествените принципи во кои никој не може да остане неутрален.

На крајот, овде се зборува за славната и вечната победа на доброто над злото, на правдата врз неправдата, на светлината над мракот, на радоста над тагата, на надежта над разочарувањето, на славата над срамот, на животот над смртта, и на вечната љубов, која “долго трпи”, над казнувањето, над осветата и омразата.

Вовед
1 Разурнувањето на Ерусалим 23 Што е светиња?
2 Прогонствата во првите векови 24 Во светиња над светињите
3 Отпадништво во христијанската црква 25 Божјиот закон е непроменлив
4 Валденжани 26 Реформа во врска со саботата
5 Џон Виклиф 27 Современи будења
6 Хус и Јероним 28 Истражен суд
7 Лутеровото одвојување од Рим 29 Потеклото на злото
8 Лутер пред државен собор 30 Непријателството помеѓу човекот и сатаната
9 Швајцарски реформатор 31 Дејноста и влијанието на злите духови
10 Напредок на реформацијата во Германија 32 Сатанските стапици
11 Протест на кнезовите 33 Првата голема измама
12 Реформацијата во Франција 34 Спиритизам
13 Холандија и скандинавските земји 35 Стремежот на папството
14 Подоцнежни англиски реформатори 36 Судирот што претстои
15 Библијата и француската револуција 37 Библијата како заштита
16 Предци на американските дојденци 38 Последно предупредување
17 Утрински предвесници 39 Време на големи неволји и душевни маки
18 Еден американски реформатор 40 Ослободување на Божјиот народ
19 Светлина и низ темнината 41 Опустошување на земјата
20 Големо верско будење 42 Завршување на борбата
21 Отфрлено предупредување Додаток (Општи примедби)
22 Исполнети пророштва Библиографија на цитираните дела

Преземете ја целата книга на вашиот компјутер во PDF формат со кликнување тука!