Големата борба помеѓу Христа и сатаната

Додаток (Општи примедби)

Константинов едикт. - Законот што го издал цар Константин во врска со празнувањето на неделата на седми март 321 година гласи:
“Сите градски жители, судиите, трговците и занаетчиите, нека се одмораат во славниот ден на сонцето. Но оние што се занимаваат со земјоделие можат слободно да ги обработуваат своите полиња, зашто често се случува ниту еден друг ден да не е толку погоден за сеење на семето и за садење на виновата лоза; затоа не треба да се допушти поради неискористување на погодното време да се изгубат благословите дадени од небото.” - A. H. Lewis, History of the Sabath and, the Sunday (Историја за саботата и неделата) 2d. ed; rev., 1903, pp. 123. 124.
Оригинал (in the Codex of Justinijan, lil. 3, tit. 12, leg. 3). цитати Д-р Ј.А. во своите предавања за неделата (Bampton Lectures on "Sunday”). lecture 3, par. 1., i Dr. Philip Cehaff во својата “Историја на христјанската црква” (History of the Christijan Church) vol. 3, sec. 75, par. 5, note 1. Види исто така: Mosheim; Insitutes of Ecclestiastical History, (Историја на црковните институции) sen. 4, pt. 2, ch. 4. sec. 5; Chamberss, Encyclopedia, art. "Sabath", Encyclopedia Britanica 9th ed., art. "Sunday"; Petar Heylin, the History of the Sabath (Историја за саботата) 2nd rev., Лондон, 1636 pt, 2, ch.3, pp-66-67).

Фалсификувани списи. - Меѓу најважните документи од тоа време кои воопшто се сметаат за фалсификат треба да се вбројат: Константиновата даровница и Псевдо - Исидоровите декрети.
Наведувајќи ги фактите во врска со прашањата: “Кога и кој ја фалсификувал Константиновата даровница?” М. Госселин, директор на семинарот Ст. Сулпице (Париз), пишува:
“Иако, сосема е сигурно дека овој документ е лажен, тешко е точно да се утврди датумот на неговото фабрикување. М. де Марца, Муратори и други учени критичари мислат дека е направен некаде во осмиот век, пред владетелството на Карло Велики. Муратори дури мисли дека токму тој документ и го навел монархот да биде толку великодушно дарежлив кон светата столица.” - The Power of the Pope During the middlle Ages, (Папската власт во текот на средниот век) tr. by the ev. Matthew Kelly. St. Patrich's College, Maunooth; J. Murphy and Company, baltimore, 1853, vol. 1, p.321.
За датумот на Псевдо - Исидоровите декрети, види: Mocheim, Institutes of Ecclesiastical History, (Историја на црковните институции), b.3, cent. 9, pt. 2, ch.2, sec.8. Преведувач, Dr Murdock, укажува на забелешката на учениот католички историчар, М. L'abbe Fleurs кој во својата “Црковна историја” (Eclesiasticical History) (diss.4, sec. 1), за овие декрети кажува: “Тие на светлината на денот излегле при крајот на осмиот век.” Пишувајќи го ова при крајот на седумнаесеттиот век, тој кажува дека на овие “лажни декрети се гледало како на потполно автентични во текот на осумстотини години и со тешка мака се отфрлени во овој последен век. Сега одвај, некој од малку упатените во ова не признава дека тие декрети се обични фалсификати.” - Ecclesiastical History, (Црковна историја), б. 44, пар. 54 (G. Adam's translation, London, 1732, vol. 5, p. 196). Види исто така: Gibbon, History of Decline and Fall of the Roman Empine, (Историја за паѓањето и пропаста на Римската империја), sh. 49, par. 16.

За наредбите на Гргур VII. (Dictates of Hildebrand Gregory VII) - Види Барониус, Eccelesiastical Annals, (Црковни анали) Ан. 1076 (Antwerp ed., 1608, vol. 1l, p. 479). Една копија од овие “Наредби” може да се најде во оригинал и во Гиеселер, А Compendium of Ecclesiastical History. (Преглед на црковната историја) period 3 sec. 47, note 4 (ed. 1836, trhy F. Cunninghem). Англискиот превод е даден во Мосхеим, Institutes of Ecclesistical History (Историја на црковните институции), br. 3, cent. 11, pt. 2, sec. 9, note 8 (Soames'ed., tr. by Myrdock).

Папски титули. - Во еден дел на Римското црковно право, папата Иноцентиј III тврди дека римскиот понтифекс (папата) е “намесник на Земјата не само на човекот, туку и на самиот Бог”; во едно објаснување на овој наод се истакнува дека тоа доаѓа оттаму што тој е намесник на Христа кој е “вистински Бог и вистински човек” (Види Decretal. D. Gregor, Pap. 9, lib 1. de translat. Episc. tit. 7. c. 3. Corp. Jur. Sanon Ed. Paris, 1612; tom 2. Decretal col. 205).
За титулата “Господ Бог папа” види објаснување во “Еxstravagantes” (претерувања) на папата Јован XXII, title 14, ch 4, "declaramus". Во едно белгиско издание “Exstravagantes”, објавено во 1584 година зборовите: “Доминум Деум нострум папам” (Нашиот Господ Бог папа) се наоѓаат во одделот 153. Во париското издание од 1612 година тие зборови се наоѓаат во одделот 140. Во некои изданија објавени истата година зборот Деум (Бог) е изоставен.

Чистилиште. - Дефиниција за чистилиштето Д-р Ј. Ф. Ди Бруно ја дава вака: “Чистилиштето претставува еден преоден период на мачење во кој по смртта за извесно време, душите на оние на кои им се простени смртните гревови се задржуваат, така што се ослободени од вечното мачење во пеколот, но кои на сметката на тие простени смртни гревови мораат да поднесат одредена временска казна; тука исто така се задржуваат и оние души кои од овој свет заминуваат со вина само на беззначајни и простливи гревови.” - Catholich Belief (Католичко верување) page. 196 (ed. 1884 imprimatur Archibishop of New York).
Види исто така: K.P. Hagenbach, Compendium of the History of Doctrines, (Преглед на историјата на учењата) T. and T. Clark ed, vol. 1 pp. 234-237, 405, 408; vol. 2pp. 135-150; 308, 309, Chas. Elliot, Delinaetion of Roman Catolicism, (Опишување на римокатолицизмот), b2 ch.12; Catholich Encyclopedia, art "Pirgatory", (Католичка енциклопедија, чл. “Чистилиште”).

Прошталница. (простување на гревот за пари) - За подетално изучување на историјата за прошталниците, види: Catholic Encyclopedia, art. "Indulgences" (contributed by W. H. Kent, O. S. C., of Bayswater, London; Carl Ulimaw, Raformes Before the Reformation, (Реформатори пред Реформацијата), vol. I, b. 2, pt. I, ch. 2; M. Creighton, History of the Papacy, (Историја на папството) vol. 5, pp. 58-64, 71; von Rabke, History of the Reformation in Germany, (Историја на Реформацијуата во Германија), b. 2, ch. 1, par. 131.132. 139-142, 153-155 (2-nd London ed., 1845. tr. by. S. Austin. vol. 1, pp. 331, 335-337, 343-346); Chas Efliott, Delineation of Roman Catholicisim, (Опишување на римокатолицизмот), 6. 2, ch. 13; H. C. Lea, A History of Awricular Confesion and Indulgences, G. P. Fisher, The Reformation ch. 4, par. 7.
За примената на учењето за “Прошталниците” во периодот на Реформацијата, во земјите надвор од нејзиниот дофат, види: Расправа на Д-р Х.Ц. Леа под наслов: “Прошталници во Шпанија”, објавена во весниците Papers of the American Society of Church History, vol. 1, pp. 129-171. За придавање на важноста на оваа историски потполно непозната светлина, Д-р Леа во наведениот член кажува: “Неразнишана од борбата која беснеела помеѓу Лутер, д-р. Еки и Силвестер, Шпанија мирно продолжила по стариот и утврдениот пат и нè снабдила со службени документи кои ни овозможија да ја испитаме работата во чистата светлина на историјата.”

Миса. - За учењето на мисата, види: Cardinal Eiseman's delo, the Real Presence of the Body and Blood of Our Jesus Christ in the Blessed Eucharist Proved From Scripture (Вистинско присуство на Христовото тело и крв во светата причест докажано со Библијата); како и Catholich Encuclopedia, (Католичка енциклопедија), art. "Euchartist” (Причест) contributed by J. Pohle. S.T.D., Breslau; Canons and Decres of the Concil of Trent (Канони и декрети на Трентскиот собор). sees 13, chs. 1-8 (London ed., 1851. tr. by T. A. Buckley, pp. 70-79; K. R. Hagenbach, Compendium of the History of Doctrines (Преглед на историјата на учењата), vol., 1, pp. 214-223, 393-398, and vol. 2 pp. 88-114; J. Kalvin, Institutes, b. 4, chs 17. 18; R. Hooker Ecclesiastical Polity (Цркoвно владетелство), b. 5, ch. 67. chas. Elliott Delineation of Roman Catholicism (Опишување на римокатолицизмот), b. 2, chs. 45.

Обожување на икони. - “Обожувањето на слики... била една од изопаченостите на христијанството, која во црквата се вовлекла тајно и речиси незабележано. Оваа изопаченост како и другите ереси, не се развивала одеднаш, зашто во тој случај би наишла на решителна осуда и прекор. Меѓутоа, успешно маскирани од самиот почеток, таквите обичаи се вовлекувале постепено едно по друго, така што црквата длабоко загазила во идолопоклонството, не само без успешно спротивставување на оваа изопаченост, туку речиси без никаков приговор или предупредување; и кога најпосле е направен напор да се застане на патот на тоа, злото се вкоренило веќе премногу длабоко за да може да се искорени... Идолопоклонската тенденција на човечкото срце и неговата наклоност повеќе да го почитува “созданието отколку Творецот” (Римјаните 1:25), на овој начин морала да се покаже...
“Иконите и сликите во почетокот се воведени во црквата, не за да им се поклонува народот, туку со помош на нив наместо од книги да им се даваат упатства на оние што не знаеле да читаат, а писмените визуелно да се поттикнуваат на побожно размислување. До која мера послужиле тие во оваа цел не е извесно, но дури и ако како вистина прифатиме дека некое време тоа било случај, наскоро престанало да биде така. Се покажало дека сликите и иконите што се внесени во црквите повеќе го помрачуваат отколку што го просветлуваат умот на неупатените - ја понижуваат, а не ја издигнуваат вистинската побожност во срцата на поклониците. Така се востановило дека сликите, иако биле наменети мислите на луѓето да ги насочат кон Бога, всушност ги одвраќаат од Него и ги наведуваат да се поклонуваат на човечката ракотворба.” - J. Mendham, The Seventh Council, Second of Nicea, Introducction, pages 3-6.
За записникот, за работата и за решенијата на Седмиот општо-црковен собор во Никеја 787 година, свикан за да се утврди обожувањето на иконите и сликите, види: Bagonius, Ecclesiastical Annals, (Црковни анали) 1612. Antwerp sd. vol. 9, no. 391-407; J. Mendham, The Seventh General Counsil, Second of Nicea, (Седми општ собор во Никеја); Ed Stillingfleet, Defence of the Discourse Concering the Idolatru Practiced in the Church of Rome (Расправа за идолатријата во Римокатоличката црква Лондон 1686.); A select Library of Nicene and Post-Nicene fathers, second series; (Одбрани дела на црковните татковци од соборот во Никеја и по него) New York, 1900, vol. 14 pp 521-587; C.J. Hefele, History of the Councils of the Church, from the original documents. (Историја на црковните собори од оригинал документи) b.18 c.h. 1. secs 332-333; ch 2, secs 345-352 (T. and T. Slapcet, 1896, vol. -5, pp. 260-304, 342-372).

Валденжански превод на Библијата. - За доказ дека Валденжаните меѓу првите превеле делови од Библијата на народен јазик, види: Townley, Illustrations of Biblical Literature (Разјаснување на Библиска литература), vol. 1, ch 10, pars. 1-13; E. Petave, Bible in France (Библијата во Франција), Paris, ed., 1864, ch,2 pars. 3,4,8-10, 3,21 G. H. Putnam, The Censorship of the Church of Rome (Цензура на Римокатоличката црква) vol. 2, ch. 2.

Едикт против Валденжаните. - Во врска со ова, вреден за внимание е текстот на папската була која против Валденжаните ја издал папата Иноцентиј VIII во 1487 година. Оригиналниот документ се чува во Универзитетската библиотека во Кембриџ, а превод на Англиски е даден во Dovlings History of Romanisam (Историја на римокатолицизмот), ed, 1871, b. 6. ch. 5, sec. 6l.

Виклиф. - За оригиналниот текст на папската була против Виклиф со превод на англиски, види: J. Goxse, Acts and Monument (Дела и споменици), Pratt Townsend ed., London, 1870, vol. 3, pp. 4-13. Види исто така: J. Lewis, History of the Life and Suffering of J. Wicclif (Историја за животот и за страдањата на Џон Виклиф). ed. 1820, pp. 49-51, 305-314; Lechler, Johmn Wyclife and his English Precvrsors (Џон Виклиф и неговите претходници во Англија), ch. 5 sec. 2 (London ed., 1884, tr. by Lorimer, pp. 162-164); A Neander, General History of the Chrisian Religion and Church (Општа историја на христијанската религија и црква), period 6, sec. 2, pt. 1, par. 8.

Непогрешливост на папата. - За учењето за непогрешливоста на црквата и папата види: Catholic Encyclopedia, art., "Infalllibility" (Католичка енциклопедија, чл. “Непогрешивост”), contributed by P. J. Turner, S. T. D; Geo Salamon, The Infallibility of the Church (Непогрешливост на црквата); Chas. Elliot, Delineation Roman Catholicism (Опишување на римокатолицизмот), b. 1, ch. 4; Cardinal Gibons, The Faith of Our Fathers (Верата на нашите татковци) 49 th ed., 1897, ch. 7.

Собор во Констанца. - За свикување на соборот во Констанца кој на барање на императорот Сигисмунд, го спровел папата Јован XXIII, види: Mosheim, Institutes of Ecclesiastical History (Историја на црковните институции), b. 3, cent. 15, pt. 2, ch. 2, sec. 3; J. Dowing, The History of Romanism (Историја на римокатолицизмот), b. 6, ch 2, par. 13; A Bower, History of the Popes (Историја на папството), London ed, 1766, vol. 7 pp. 141-143; Neander, General History of Christian and Church (Општа историја на христијанската религија и црква), period 6, sec. 1. (1854, 5, vol. ed, tr. by Torrey, vol. 5, pp. 94-101).

Езуитизам. - Преглед на фактите во врска со потеклото, начелата и целите на “Исусовото Друштво”, како што се нарекувале членовите на овој ред, е даден во делото на Џон Герард под наслов “За езуитите”, кое во Лондон, во 1902 година, го објавило католичкото здружение “Вистина”. Во тој дел се кажува дека “иницијатор и главна побуда на целата организација на ова друштво е духот на апсолутната послушност.” “Нека секој поединец се увери”, пишува основачот на редот “свети” Игнациј Лојола, дека сите оние што живеат во послушност треба да се поттикнати со божественото провидение, да допуштат да бидат водени од своите претпоставени толку потполно и без противење, како да се мртво тело кое други можат да го носат каде и да посакаат и да прават со него што и да посакаат, или како старечки стап со кој оној кој го држи во раката може да се служи онака како што сака тој.”
“Таквото потчинување е облагородено со самиот свој мотив и треба да биде”, продолжува основачот, “прифатено подготвено, радосно и постојано... Радосното и послушното извршување на верските должности што на некого му се доверени од страна на претпоставените за општо добро, е сигурен знак дека тој исто така одговара и на божествената волја.” - The Comtesse R. de Courson, in Concerning Jesuits p. 6.
Види исто така: L. E. Dupin, A. Compendious History of the Church (Концизна историја на црквата), cent. 16, sh. 33 (London ed., 1713, vol. 4, pp. 132-135); Mosheim, Institute Ecclesiastical History (Историја на црковните институции), cent. 16 sec. 3, pt. 1 ch. 1, par. 10 (including notes 5,6); Encyclopedia Britanica (9th ed.), art. "Jesuits"; C. Paroissien, Developed in a collection of Extract from treir own authors (начела на Езуитите собрани од делата на нивните автори) (London 1860, an earlier edition appeared in 1839); W. C. Cartwiright, The Jesuits, treir Contitution and Teaching (Езуитите, нивното устројство и учење), (London 1876 E. L. Taunton, The History of the Jesuits in England (Историјата на Езуитите во Англија), 1580-1773 (London 1901).
Од сите орудија, со кои папството се служело во својата борба против Реформацијата, најстрашни биле Езуитите. Главна цел им била со сите средства - според нивното познато правило: целта го оправдува средството - да се борат против протестантизмот како свој најголем непријател. Особено настојувале да ги земат школите во свои раце, за да би можеле младите поколенија да ги воспитаат во духот на римокатолицизмот.

Инквизиција. - Види: Catholoc Encyclopedia, art. "Inquisition" (Католичка енциклопедија, чл. “Инквизиција”) (Contributed by J. Blotzer, S. J., Munich); H. C. Lea, History of the Inquisition in the Middle Ages (Историја на инквизицијата во средниот век), Limborch, History of the Inquistion (Историја на инквизицијата), vol. 1, b. 1, chs. 25, 27-31 London ed., 1731, tr by S. Chandler, vol. 1, pp.131-142; 144-161; L. von Ranke, History of the Popes (Историја на папството), b. 2, ch. 6.

Причини за Француската револуција. - За далекусежните последици од отфрлувањето на Библијата и за библиската религија во Франција види: H. von Sybel, History, of the French Revolution), b. 5, ch. 1, pars, 3-7; H. T. Buckle, History of Civilisation in England (Историја на цивилизацијата во Англија), chs. 8, 12 (New York ed. 1895, vol. 1, pp. 364-366, 369-371, 437, 540, 541, 550), Blakwood's Magazine, vol. 34, No, 215 (November 1833, p. 739), J. G. Lorimer, An Historical Sketch of the Protestant Church in France (Кратка историја на Протестантската црква во Франција), ch. 8 pars. 6,7.
Повеќето историчари со право мислат дека причините за Француската револуција се наоѓаат во свирепото постапување на дворецот и католичкиот клер кон Словото Божјо.

Напори, Библијата да се потисне и уништи. - Во врска со долготрајните напори што се преземени во Франција за да се потисне Библијата, особено на народниот јазик, Гасен кажува: “Декретот, издаден во Тулуз 1229 година со кој е воведен инквизицискиот суд против оние кои Библијата ја читаат на јазикот на простиот народ... бил едикт на кладата, на крвопролевањата и пустошењата. Во своето трето, четврто, петто и шесто поглавје, тој пропишува целосно уништување на куќите, најскромните места, па дури и на подземните скривалишта на оние кои се обвинети за поседување на Библијата. Тој наредува, дека таквите треба да се прогонуваат по шумите и по земните пештери, па дури и за оние што ги кријат предвидува најстроги казни.” Како резултат на тоа што “Библијата насекаде била забранета, таа потполно исчезнала како да се спуштила во гроб.” Со овој декрет “настапиле петстотини години на тешко прогонство и безбројни казнувања во кои крвта на светите течела како вода.” - L. Gausen, The Canon of the Holy Scripture (Канон на Светите списи), pt, 2, ch 7, sec. 5, prop. 561; and ch. 13, sec. 2, prop. 641. par. 2.
За посебните напори да се уништи Библијата во текот на владеењето на теророт, по 1793 година, Д-р Лоример кажува:” Секој кај кого би се пронашла Библијата, бил прогонуван и мачен до смрт, и тоа го имало толку многу што многу уважени коментатори погубувањето на двајцата сведоци пророчено во единаесеттото поглавје на Откровението го толкуваат како сеопшто отстранување, па дури и уништување на Стариот и Новиот завет во Франција во тоа време.” - J. G. Lorimer, Sketch of the Protestant Church in France (Кратка историја на Протестантската црква во Франција), ch. 8, па Псалм 4:5.
Види исто така: G. P. Ficher, The Reformation (Реформација), ch. 15, par. 16, Petavel, The Bible in France (Библијата во Франција), Paris, 1864; ch. 2, pars. 3, 8-10; 3,21; G. H. Putnam, The Censorship of the Church of Rome (Цензура на Римокатоличката црква ) vol. 1, ch. 4 (1906 d. pp. 97, 99, 101, 102); vol. 2, ch 2pp. (15-19); S. miles, The Hugenots: Their Settlements, Churches, and Industries (Хугеноти: нивните населби, цркви и трудољубивост). ch. 1, pars. 32, 34; ch 2, par. 6; ch. 3 par. 14; ch. 18, par 5; S. Smiles, The Hugenots in France After Revolution (Хугенотите во Франција по Револуцијата), ch. 2, par 8; ch 10, par, 30; ch. 12 pars, 2-4; J. A. Wylie, The History of Protestantism (Историја на протестантизмот), b. 22, ch. 6. par. 3

Владетелство на теророт. - За одговорноста на измамените водачи и на црквата и на државата, а особено на црквата за сцените кои можеле да се видат во Франција за време на Револуцијата, види: W. M. Sloane, The French Revolution and Religius Reform (Француската револуција и реформата на религијата), Предговор, ch. 2, pars. 1,2,10-14 (1901 ed. , pp. 7-9, 19, 20, 26-31, 40); P. Schaff, in Papers of the American Society of Church History, vol. 1, pp. 38, 44; S. Smiles, The Hugenots in France After the Revocation (Хугенотите во Франција по отповикувањето), ch. 18, pars. 4, 6, 9, 10, 12-16, 27; J. G. Lorimer, An Historical Sketch of the Protestant Church in France (Кратка историја на протестантските цркви во Франција), 1300-1907, London, ed. 1907, ch. 3, sec. 2; Sir. J. Stephen, Lectures on the History of France (Предавања за историјата на Франција), lecture 16, par. 60.

Масите и привилегираните сталежи. - За состојбата во општеството што преoвладувала во Франција во периодот пред Револуцијата, види: H. von Holst, Lowell Vectures on the French Revolution, lecture 1; види исто така: Taine, Ancient Regime (Стар режим); and A. Young, Travels in France (Патувања по Франција).

Одмазда. - За повеќе детали за одмаздничкиот карактер на Француската револуција види: Тhos, H. Gill, Тhe Papal Drama (Драма на папството), b. 10; Е. dе Pressense, Тhе Church and the French Revolution (Црквата и Француската револуција), b. 3, ch. 1.

Ужасот на владетелството на теророт. - Види: M. A. Thiers, History of The French Revolution (Историја на Француската револуција), New York, edl, 1890, tr. by F. Shoberi, vol. 3, pp. 42-44; 62-74, 106; E. A. Miqhet, Histiry of the French Revolution (Историја на Француската револуција), Bohn ed. 1894, ch. 9, par. 1; Sir Archibald Alison, History of Europe, From the Commencement of the French Revolution of the Bourbons (Историјата на Европа од почетокот на Француската револуција до повторното воспоставување на бурбонската династија), vol. 1, ch. 14( New York ed. 1872, 1, pp. 293-312).

Ширење на Светото писмо. - Според извештајот на Вилијам Кантон, претставник на Британското библиско здружение, 1804. година вкупниот број на “сите Библии во светот, пишувани со рака или печатени, сметајќи ги сите преводи во сите земји на светот, е проценет на нешто повеќе од четири милиони примероци... За некаде околу педесет примероци од тие четири милиони Библии е утврдено дека припаѓаат на изумрените јазици како што се Мезо-Готски (преведувачот Вулфил живеел од 311 до 381; епископ на западното готско племе Мали Готи, во тоа време населени во денешна Бугарија и Србија; ја составил азбуката за готскиот јазик и го превел Светото писмо; неговиот превод, после Грците и Латините, претставува најстариот споменик на европската книжевност; сочуван во извадоци (Сребрен кодекс во Упсали, Рим и Милано), и англо-саксонскиот преведувач Беде, англиски научник и мудрец, писател на многу дела од верски карактер, живеел од 673 до 735 година.
Сто години подоцна, по повод својата прва стогодишнина, Британското и Странското библиско здружение можело да поднесе извештај за вкупниот број на испорачани Библии, Нови завети и негови делови. Тој број тогаш изнесувал 186. 689. 101, за да веќе во 1910 година се покачи на 220. 000 000 примероци, печатени речиси на четиристотини различни јазици.
На овој збир треба да се додадат и милионите примероци на Светото писмо и неговите дела на многу јазици, кои ширум светот ги шират другите Библиски здруженија и разните комерцијални агенции. Американското библиско здружение - во текот на првите деведесет и четири години од својата работа испорачало 87. 296. 182. примероци на Светите писма. Види: Bible Society Record, јуни 1910 година. Според умерената проценка, издавачките куќи годишно издаваат околу шест милиони примероци на Библијата, што значи дека Библиските здруженија заедно издаваат годишно преку петнаесет милиони примероци.
Бројот од четиристотини јазици на кои Библијата во целина и делумно била преведена, бил точен во времето кога оваа книга за првпат е објавена 1888 година. Сега таа е преведена на многу повеќе од илјада јазици.

Странски мисии. - Во својата Историја на христијанската црква, во врска со “Христијанските мисии”, д-р. Г. П. Фишер го опишува почетокот на мисионерското движење кое во “последните години на осумнаесеттиот век најавило брилијантна ера на мисионерски активности, ера каква во историјата на мисионерството е забележана само во првите векови на христијанството”. Во 1792 година е основано Баптистичкото мисионерско друштво на чело со Кареј, како прв мисионер. Кареј отпловил во Индија и таму со помош на останатите членови на истото друштво основал мисија во Сингапур, во провинцијата Бенгал. Во 1795 година формирана е организација која во 1812 станала Црковно мисионерско друштво. Наскоро потоа било основано и Веслиевото мисионерско друштво.
“Мисионерската активност што растела во Велика Британија ги вдахновила со иста ревност и христијаните во Америка. Во 1912 година во Америка е основано Застапништво на странски мисии, а во 1914 година и Американско - баптистичка мисионерска унија. Адонирам Џадсон, еден од првите мисионери кој тргнал од Америка, пловел 1812 година кон Калкута и во јули 1813 година стасал до Бурма. Во 1837 година е формиран Презвитеријанскиот одбор - Види - Fisher History of the Christian Church (Историја на христијанска црква), per. 9 ch. 7, par. 3-25.
Д-р. А. Т. Пирсон во една статија објавена во списанието “Misionary review of the World” (Мисионерски преглед), за јануари 1910 година, кажува: “Пред половина век Кина и Манџурија, Јапонија и Кореја, Турција и Арабија и огромниот континет на Африка потполно спиеле - тие осамени народи со векови биле заклучени во ќелиите на одвоеност и исклученост. Централна Азија била релативно неистражена, како и Централна Африка. Во многу земји долгата сатанска окупација воопшто не била оспорувана и неговото владетелство со ништо не било вознемирувано. Папските земји покажале иста нетрпеливост кон Евангелието како и паганските; Италија и Шпанија го фрлале во темница секого кој би се осмелил да продаде некоја Библија или да го проповеда евангелието. Франција се оддала на неверувањето, а Германија ја проникнал рационализамот; и на големиот дел од полето, вратите за мисионерство помалку или повеќе биле затворени и заклучени со строгата исклучителност и со класниот систем. Сега на сите страни настанала забележителна и радикална промена, така што оној што одеднаш би дошол од средината на минатиот век, сега не би го препознал светот. Оној што ги држи клучевите од двокрилната врата ги отклучил и ги отворил сите земји за весниците на крстот. Дури и во самиот Рим на чијашто врата посетителот пред половина век не можел да ја внесе Библијата, сега постојат протестантски капели и Светото писмо слободно се шири.”

Пророчки датуми. - Историските и хронолошките факти поврзани со пророчките периоди од осмото и деветтото поглавје на Даниеловата книга, вклучувајќи ги многуте очигледни докази кои сигурно укажуваат дека 457 година пред Христа е вистинското време од кога треба да почне пресметувањето на овие периоди, јасно ги изнеле многуте истражувачи на пророштвата. Види: Stanley Leathers, Old Testament Prophec (Предавања за пророштвата на Стариот завет), Lectures 10, 11 (Warbuton Lectures for 1876-1880), W. Gode, Fulfilled Prophecu (Исполнето пророштво), sermon 10, including Note A (Warburtion Lectures for 1854 - 1858); A. Thom, Chronology of Prophecy (Хронологија на пророштвата), London ed. 1848, pp. 26-106; Sir Isaac Newton, Observations Upon the Prophecies of Daniel, and the Apocalypse of St. John (Забележувања од пророштвата на Даниел и од Јовановото Откровение), ch. 10 (London ed. 1733, pp. 128-143); Uriah Smit, Thoughts on Daniel and revelation (Мисли за Даниел и Откровението), pt l, chs. 8,9.
За датумот на Христовото распнување, види: Wm, Hales, Analysis of Cgronologu (Анализа на хронологијата), 2nd London ed. , 1830,vol. 1, pp. 94-101;vol. 3, pp 164-258.

Паѓањето на Отоманската империја. - За понатамошни детали во претскажувањето на паѓањето на Отоманската империја во текот на август 1840 година, види: J.Litch, The probability of the Second Coming of Christ About A.D. 1843 (Веројатноста на второто Христово доаѓање околу 1843), published in June, 1838; J.Litch, An Adress to the Clergy (Повик на свештенството), published in the Spring of 1840; второ издание со историски датуми во прилог на точноста на поранешното пресметување на пророчкиот период кој се протега до паѓањето на Отоманската империја, објавено е 1841. година, the Advent Shield and Review (Адвентен штит и преглед), vоl 1, (1844), Nо. 1, аrт 2, pp. 56,57,59-61; Ј.N.Loughorough, Тhe great Second Advent Movement (Второто големо адвентно движење). 1905 ed., pp. 129-132; J.Litch, article in Sings of the Time and Ehpresitor of Prophecu (статија во списанието “Знаци на времето” и Објаснување на пророштвото) Aug. 1,1840. Види исто така: истото списание од 1. февруари 1841.

Забранување на Библијата на обичниот народ. - За ставот на Римокатоличката црква кон ширењето на Светото писмо на народен јазик и меѓу лаиците види: Catholic Enciclopedia, арт. “Библија” (Католичка енциклопедија, чл. “Библија”); G.P.Fisher, The Reformation (Реформација), ch.15, par 16 (1873 ed. pp. 530 - 532); J.Cardinal Giblons, Faith of Our Fathers (Вера на нашите татковци), ch.8, 49 th ed., 1897, pp. 98-117, J.Dowling, The History of Romanisam (Историја на римокатолицизмот) b. 7, ch,sec.14 and b.9, ch 3, sec 24-27 (1871 ed., pp. 491-496, 621 - 625) L.F.Bungeher, Historu of the Council of Trent (Историја на Тридентскиот собор). 2d Edinburgh ed., 1853, tr. by D.D.Scott, pp. 101-110; G.H.Putham, Books had Their Makers During the Middle Ages (Книгите и нивните автори во текот на средниот век), vol.1, pt. 2,ch 2, pars.49,54-56.

Облеки за вознесение. - Приказната дека адвентистите 1844 година подготвиле облека во кои ќе се вознесат “во средба на Господа на небото” (1. Солунјаните 4:17), ја измислиле оние што сакале да ги изложат на потсмев и на срам. Оваа приказна е ширена толку упорно што многумина поверувале во тоа, но внимателните истражувања покажале дека тоа било обично измислување. Со години е нудена голема награда на оној кој би нашол доказ дека такво нешто навистина се случило, но таков доказ никој не можел да даде. Никој од оние кои сакаат Спасителот да дојде не е толку неупатен во библиското учење за да би мислел дека облеките кои можат да ги направат би можеле да бидат потребни за таква прилика. Единствените облеки кои ќе им бидат неопходни на светите за да би можеле да се сретнат со својот Господ при Неговото доаѓање, се облеките на Неговата праведност. Види: Откровение 19:8.

Хронологија на пророштвата. - Dr. Georges Buch, професор по Еврејски и по други ориентални јазици на Њујоршкиот универзитет, во писмото упатено до Вилијам Милер, дава значајни признавања и го одобрува неговото пресметување на пророчките времиња. Тоа писмо е објавено во “Advent Herald and Sings of The Times reporter”(Адвентен гласник и Знаци на времето), Boston, March 6 and 13.1844. Споментиот професор во тоа писмо пишува:
“Според моето мислење, нема што да се забележи ниту на вас ниту на вашите пријатели што сте посветиле толку време и внимание за проучување на хронологијата на пророштвата и што сте биле толку решителни во своите напори да го пронајдете почетниот и завршниот датум на овој голем пророчки период. Ако тие периоди во пророчките книги навистина се дадени од Светиот Дух, тогаш без сомнение се дадени со цел луѓето да ги проучуваат, и најпосле во потполност и да ги сфатат, и на ниеден човек кој со полно почитување се посвети на ваквите напори не треба да му се припишува лудост на претпоставување... Земајќи го денот како пророчки термин за година, верувам дека имате поддршка од најдоследните толкувачи на Светото Писмо, бидејќи тоа го потврдуваат истакнатите коментатори на Библијата како што се: Meде, Сир Исак Њутон, Кирби, Скот, Кеит и многу други кои одамна дошле до цврсти заклучоци по тоа прашање. Сите тие се сложуваат дека водечките периоди споменати во Даниеловите пророштва и во Откровението истекуваат во овој век на светска историја, и би било сосема нелогично да ви се припишува ерес поради истакнување на некои погледи кои се толку истакнати во погледите на овие славни теолози. “Мене не ме трогна толку резултатот на вашето истражување на ова поле, колку начинот на кој предизвикавте толку големо интересирање за вистината и должноста.” “Вашата заблуда, според мое мислење е во нешто друго, а не во хронологијата.” “Вие сте згрешиле само во природата на настаните што треба да настапат по истекот на овој пророчки период. Поради тоа главно вашите толкувања се изложени на напади.”

Тројна ангелска порака. - Во Откровението 14:6, 7 проречено е објавувањето на првата ангелска вест. Пророкот потоа продолжува: “И друг ангел иде по него, зборувајќи: Падна, падна Вавилон... И третиот ангел иде по него, зборувајќи: “Овде употребениот израз “иде по него” значи, како што од дадениот текст произлегува “иде со, го следи”. Истиот израз е употребен и во Евангелието според Марко 5:24; “И појде со Него; и по Него идеше многу народ и Го туркаа”. Овој израз исто така е употребен и во Откровението кога станува збор за сто четириесет и четири илјади откупени, “тие одат по Јагнето каде и да појде” (Откровение 14:4). Од наведените цитати јасно се гледа дека да следиш некого значи да одиш заедно со него. Во Првото послание до Коринтјаните 10:4 читаме дека Израелевите синови “пиеја од духовниот камен, што идеше по нив”. Од ова можеме да заклучиме дека изразената мисла во Откровението 14:8, 9 не значи само дека втората и третата ангелска вест временски следуваат една по друга, туку и дека се надоврзуваат една со друга и одат заедно. Овие три пораки всушност се една тројна порака. Три се само по редоследот на своето настанување, се мисли на почетокот на нивното објавување. Меѓутоа, откако се објавени, тие одат заедно и се неразделни.

Дрски барања на папството. - Некои од најистакнатите барања на папската дрскост во врска со менувањето на божествените прописи, се опишани во Moshein's Institute of Ecclesiastical Histori (Историја на црковните институции), cent.2, pt. 2, ch.4, secs 9-11. Види исто така: G.P.Fisher, Histori of the Christian Church (Историја на христијанската црква), per. 2, ch 2, pars. 11-17 (1890 ed. pp. 56-58); Gieseler, A Compendium of Ecclesiastical History (Преглед на црковната историја), New York ed. , 1836, tr. by F. Cunningham, per. 1, div. 3, ch. 4, sec. 66, par. 3, including note 8; J.N. Andrews, History of the Sabbath (Историја на саботата) 3d ed., rev. pp. 276-279.

Црква во Абисанија. (Етиопија) - За празнување на библиската сабота во Етиопија, види Dean A.P. Stanley, Lectures on the History of the Eastern Church (Предавања за историјата на Источно - православните цркви), lecture 1, par. 15 (New York ed., 1862, pp. 96,97); Michael Geddes, Church History of Ethiopia (црковна историја на Етиопија), pp. 87, 88. 311, 312; Gibbon, The History of the Decline and Fall of the Roman Empire (Историја на паѓањето и пропаѓањето на Римската империја), ch 47, pars. 37-39; Samuel Gobat, Journal of Three Years Residenal in Ahusinia (Дневник за тригодишното престојување во Абисанија), New York ed., 1850 pp. 55-58, 83, 93, 97, 98; A. H. Lewis, A Critical History of the Sabbath and the Sunday in the Christian Church (Критичка историја за саботата и неделата во христијанската црква), 2d., ed., rev., pp. 208-215.