Добредојдовте!

Христијанството е религија која има најголем број на припадници. Како факт, 33% од популацијата на светот или 2.1 милијарда луѓе, се сметаат за дел од христијанството. Почнувајќи од својот основач, Исус Христос, и зголемувајќи се под службата на апостолите, христијанската црква прерасна во огромна сила во светот. Но сепак христијанската црква има доживеано многу поделби. Големиот раскол, протестантската реформација, и многу други движења водеа до голем број на цркви кои себеси се нарекуваа христијани. Две илјади години по нејзиното основање, христијанската религија се уште треба да се осврнува на нејзините основи кои биле поставени од Исус Христос и Неговите апостоли. Денес, многу луѓе го бараат она христијанство кое беше основано од нашиот Господ и апостолите. Дали тоа е загубено во лавиринтот на христијанската историја? Се надеваме дека ќе најдете одговор на тоа прашање на оваа интернет страница, додека чекориме назад во христијанската историја во потрага по нашите основи.

Неделен закон во Германија

ГЕРМАНИЈА ГО ПОТВРДИЛА НЕДЕЛНИОТ ЗАКОН

Работата на продавниците во недела го крши посебниот закон за заштита на неделата според уставот на Германија. Тоа одлучил Уставниот суд на Германија во месец декември.

Водата и Кока Колата

ФАКТИ ЗА ВОДАТА

Наполно 75% од жителите на Соединетите Држави се хронично дехидрирани. Кај 37% американци, механизмот кој укажува на жед толку е ослабен што често пати се мисли дека тоа е знак за глад.

Големата борба помеѓу Христа и сатаната

Историјата на христијанската религија некако е покриена со мистерија. Но сепак денешниот христијанин заради свое добро треба да истражува во минатото и да разбере од каде потекнува христијанството и каде оди. Тука ние ви нудиме можност да го читате еден од најдобрите коментари на христијанската историја: Големата Борба (Вековен судир). Напишана во 19-тиот век, оваа прониклива историја ќе ве поведе од падот на Ерусалим до крајот на светот како што тоа е проречено од апостолот Јован во Откровението. Книгата се занимава исто така со судирите заради кои се разделило христијанството, обраќајќи се кон Светото Писмо како на последна реч. Книга која секој христијанин би требало да ја прочита!